Македонија во Европска унија

ЕУ буџет за 2014 – 2020

Во Стразбур денеска започнува да се гласа буџетот на ЕУ за периодот 2014 – 2020. После долги месеци во преговори и нагодувања со земјите – членки на ЕУ, Парламентот треба да одобри 908 билиони евра. Буџетот ќе се гласа за секоја програма одделно од земјоделство до животна средина во текот на оваа недела. Повеќе информации на следниов линк.

EUObserver

Автор: Paul Walsh

Дата: 22.12.2012

Добредојдовте во Скопје- каде споемниците се наши домашни миленичиња! Ова не е новиот слоган за реклама на Македонија на CNN, туку само мал tweet за архитектонскиот проект Скопје 2014 од правилно именуваниот граѓанин на светот. Овој проект цели кон тоа да го воведе Скопје во 21-от век со мноштво нови згради, вклучувајќи го народниот театар и еврејскиот музеј. Но замислата се докажа како контраверзна бидејќи споменици излегуваат на секој чекор како печурки низ целиот град, вклучувајќи го и бронзениот споменик на Александар Македонски, висок 22 метри и статуата на неговиот татко Филип II Македонски.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

fair observer logo

Автори: Rosa Balfour и Corina Stratulat

Датa: 26.06.2013

Rosa Balfour и Corina Stratulat се ко-автори на две поглавја во неодамнешното издание на Институтот за безбедносни студии на Европската Унија (EU-ISS) “Европската иднина на земјите од Западен Балкан” Солун @10 (2003-2013) посветено на десетгодишнината од солунската декларација. Содржината вклучува  статии напишани само од женски автори од Европската Унија или од Балканскиот регион, од областа на експертите или академиците.

Целосната верзија е достапна на следниов линк.

logo_epc

Финансиската криза со која што се соочи Европската Унија доведе до преиспитување на почетните намери за т.н. ’’опуштање на ременот’’ во врска со работата на 150 најголеми банки од Евро – зоната истакнува Phillip Wayte од CER. Очигледната потреба за намалена контрола врз работењето на банките пак се наметнува како еден од можните излези или како превенција од потенцијални нови економски кризи. Според него, предлогот на Германија да се создаде ваков систем надвор од Брисел во кој би влегувале само тие 150 банки и би се засновал на соработка меѓу државите членки. Сегашната структура на економските институции создава една политичка реалност во евро зоната, но таа не делува особено стабилна како што посочува Phillip Wayte.

Целиот текст може да го прочитате на овој линк.

cer-logo

Автор: Ерван Фуере

Дата: 27.03.2013

CEPS забележива дека ова е критично време за агендата на проширувањето на ЕУ со конкурентски интереси на повидок – помеѓу оние кои предлагаат дека понатамошното проширување е тежок товар за ЕУ во оваа моментална економска ситуација и други кои веруваат дека проширувањето на границите на мир и безбедност за вклучување на балканските земји ќе придонесе кон побезбедна Европа. Спротивно на оние кои имаат негативен став, Ерван Фуере ја нагласува важноста за ЕУ да покаже дека нејзината моментална стратегија продолжува да испорачува дивиденди како што секако го прави во случајот со Косово и Србија. Тој и советува на ЕУ да биде подготвена да ја адаптира нејзината стратегија онаму каде што е потребно како што е случајот со Македонија, со употреба на било кое влијание кое го има на подиректен и постојан начин осигурувајќи се на тој начин дека политичките цели и стратегија во оваа област се базирани на извештајот за напредок, а не обратно од тоа. Според Фуере отворањето на преговори за пристап со Македонија е еднинствениот начин да се спречи оваа држава да продолжи и понатаму да тоне во политичка нестабилност.

Ерван Фуере е виш научен соработник на CEPS.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

CEPS_Logo rgb

Автор: Ерван Фуере

Дата: 13.09.2013

Македонија е држава во длабока неволја. Клима на недоверба има меѓу сите политички партии; се зголемува нетолеранцијата на малцинските групи, а се генерира и страв со сеопфатната контрола на главната владејачка партија. Во 2009 година Европската комисија препорача да се утврди датум за отпочнување на пристапните преговори, но оттогаш напорите на државата за влез во ЕУ (и во НАТО) се блокирани. Авторот Ерван Фуере дава десет јасни препораки и за Македонија и за Европската унија.

Ерван Фуере е виш истражувач при ЦЕПС и поранешен Специјален претставник и амбасадор на Европската унија, Шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

CEPS_Logo rgb

4.11.2013

Корина Стратулат

Процесот на проширувањето на ЕУ на Балканот, во својата актуелна форма може да наиде на тешкотии, посочува Корина Стратулат во својот Policy Brief. Фактот дека балканските земји се движат во две брзини, државите членки изгледа го сфаќаат регионот здраво за готово и дека јазикот на комисијата се бори да ги инспирира луѓето практично дека постојат три главни ризици кои може да предизвикаат застој на досието. Авторот ја повикува ЕУ да се отргне од ‘’депресијата на проширувањето” и да биде повеќе проактивна со цел да ги надмине овие предизвици и повторно да се наврати на креирањето на историјата на надворешната политика.

Оргиналот од овој текст може да го прочитате на овој линк.

European-policy-centre-logo2-390x285

 

И оваа година направивме компаративна анализа на извештаите за напредокот на Република Македонија односно на забелешките и проблемите нотирани од Европската комисија за периодот 2010-2013 година. Целиот документ е достапен на следниот линк.

 

Целта на оваа анализа е подобро да се утврди темпото со кое Република Македонија се приближува – или се оддалечува – од Европската унија. За таа цел се користи методологија според која се разгледуваат исклучиво проблемите (а не постигнувањата) и истите се систематизираат со три бои и тоа: 1) Со стандардна боја и фонт се обележани новите забелешки од годинашниот извештај; 2) Со виолетов фонт се обележани наодите кои се повторуваат барем во еден од претходните извештаи; и 3) со портокалова боја се обележани проблемите кои се повторуваат во минатите две и/или повеќе години. На пример, во поглавјето 19 (Социјална политика и вработување), во делот на „Вработување“ за првпат се споменува фактот дека „Јавниот сектор и натаму е најголемиот работодавец“ и затоа оваа забелешка ја обележавме со стандардна боја и фонт. Од друга страна, коментарот „Долготрајната невработеност, високата стапка на невработеност на младите и ниското учество на жените на пазарот на трудот се сериозни причини за грижа“ е показател дека истиот проблем бил нотиран и лани и поради тоа е обележан со виолетова боја на фонтот. И конечно, со портокалова боја на фонтот е обележан коментарот „Буџетот наменет за активната програма на пазарот на труд е мал, дури и намален“, бидејќи се провлекува во најмалку три извештаја.

Исклучок од ова правило е делот на Економските критериуми каде што се користат само две бои (портокалова и стандардна боја) поради спецификите на материјата што се обработува. Со стандардна боја се означени констатациите, а видувањата на ЕК кои ги одразуваат негативните тенденции, без разлика дали се „стари“ или „нови“ се обележани со портокалова боја.

Иако е очигледно дека Европската комисија го променила својот пристап согласно најавеното во минатогодишната Стратегија за проширување, оваа компаративна анализа повторно реферира на задачите/обврските од Пристапното партнерство на Република Македонија заради конзистентност со минатогодишните компаративни анализи. Сепак, треба да се спомене дека голем број од минатогодишните проблеми не се појавуваат во најновиот извештај на ЕК, не затоа што ЕК се обидува да ги скрие, туку поради новата методологија. Секако, за следната година, ќе мора да ја ревидираме и нашата методологија за да ги одрази тие промени. Дотогаш, само ќе констатираме дека анализата се однесува на апсолутниот минимум проблеми со кои се соочува Република Македонија.

И годинава во компаративната анализа ги вградивме и нашите согледувања во форма на коментари со надеж дека ќе ви помогнат да создадете своја слика.

Целокупната анализа наведува на следните општи заклучоци:

  1. Нова методологија на извештаите за напредокот за државите-кандидатки на ЕК – Промената на методлогијата беше очекувана, па дури и најавена во Стратегијата за проширување 2012-2013. Иако формата останува иста (Политички критериуми, вклучувајќи ја и регионалната соработка, економски критериуми и правните критериуми или таканаречените Копенхагенски критериуми), во центарот на вниманието сега се: а) владеењето на правото односно поголема важност добиваат прашањата како што се: реформа на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминала, но и темелните права, б) економското владеење и конкурентноста поради тоа што оценката на ЕК е дека државите од Западен Балкан не се функционални пазарни економии и на тој начин се става фокусот на анализата на високата невработеност, посебно кај младите, в) функционирањето на институциите кои ја гарантираат демократијата, во обид да се создаде култура на градење консензус каде што клучна улога има јавната администрација и граѓанското општество, г) темелните права, со посебен осврт на слободата на изразувањето, Ромите и ЛГБТ лицата како особено загрозени на овие простори, д) справување со билатералните прашања и раскрстување со минатото каде влегува и регионалната соработка од Процесот на стабилизација и асоцијација.
  2. Старите инструменти не постојат – Пристапното партнерство – инструментот смислен за полесно следење на државите-кандидатки и потенцијалните држави-кандидатки за членство во ЕУ уште во јуни 2003 на Солунскиот самит е конечно мртво. Овој извештај не реферира на Пристапното партнерство ниту еднаш. Неволноста на државите-членки да и дадат зелено светло на Европската комисија да изготви нови Пристапни (Европски) партнерства сега е веќе јасна. Но, овој извештај, иако го споменува Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) неколкупати, реално тој не се повикува на него во анализата на состојбите. Така, во споредба со ланскиот извештај во којшто ПДВН се споменуваше 12 пати, во годинашниот извештај ПДВН се споменува само 4 пати и тоа на почетокот кога зборува за обидите на Европската комисија да ја држи Македонија на европската агенда. Натаму во текстот не се реферира на ПДВН, дури ни во областите кои беа дел од него – медиуми, владеење на правото, јавна администрација, избори и пазарна економија.
  3. Претскрининг на поглавјата 23 и 24 – Ги поздравуваме дополнителните напори на ЕК насочени кон изнаоѓање решение за спорот со името со Република Грција со надеж дека конечно ќе се одблокираат европските интеграции. Повикот до Советот на ЕУ да донесе одлука за отпочнување на прет-скрининг на Поглавјата 23 (Судство и темелни права) и 24 (Правда, безбедност и слобода) истовремено со развивањето на рамка за решавање на спорот во раната фаза на пристапувањето е уште еден обид да се влијае врз разумот и правичноста на државите-членки на ЕУ. За жал, анализата на „портокаловите“ страници на извештајот покажува дека проблемот со името не е единствениот проблем кој стои на патот на македонските евроинтеграции. Искрената анализа на извештајот неодминливо говори дека враќањето на европската агенда е повеќе на реторичко ниво отколку на реално ниво. Оваа компаративната анализа покажува дека Македонија има сериозен проблем со напредокот во реформите во речиси сите области/сектори.
  4. ИПА-проектите составен дел од извештајот. – Ако лани забележавме дека Македонија не умее да ги искористи европските пари и дека постои опасност да се изгубат дел од испрограмираните ИПА средства, годинава состојбата е влошена. Годинава, ЕК повторно нагласува дека оперативните структури не функционираат како што треба, поради што Македонија почна неповратно да ги губи средствата испрограмирани преку ИПА. Така, ЕК ја изразува својата голема загриженост за начинот на којшто се трошат средствата од ИПА и тоа поради: 1) Губење на средствата – Поглавјето 11 (Земјоделство и рурален развој) каде што Македонија веќе изгуби околу €7,5 милиони од ИПАРД-средствата за 2009 година, 2) Губење право на учество во регионален проект – Поглавјето 15 (Енергија) каде поради тоа што се уште немаме воспоставено склад за депонирање радиоактивен отпад, Македонија беше исклучена од регионален ИПА-проект, и 3) Повлекување од учество – Поглавје 21 (Трансевропски мрежи) каде што Македонија го откажала учеството во потпрограмата за поддршка на политиките за Информатичко-комуникациска технологија од Програмата за иновации и конкурентност (ЦИП) поради финансиски причини. Само за потсетување, Македонија претходно влезниот билет го плаќаше преку ИПА средствата и сега кога треба од сопствениот буџет да плаќа, веќе почнува да потфрлува.

Вреди да се спомене и тоа дека конечно извештајот зборува за конкретна бројка на искористеност на ИПА програмата. Наспроти изјавите на Министерот за финансии, Зоран Ставревски, кој на Надзорна расправа за ИПА тврдеше дека Македонија има искористено 37% од ИПА и дека очекувал до крајот на годината таа бројка да се искачи на 48%, извештајот покажува дека Македонија има искористено само четвртина од расположливите средства што всушност се совпаѓа со 25% што МЦЕО ги тврдеше на истата Надзорна расправа. Го поздравуваме обидот на ЕК да ја направи Владата потранспарентна со тоа што ги објавува податоците кои до скоро беа третирани како „службена тајна“ од властите.

  1. Најкритични области – Деталната анализа на Извештајот покажува дека ЕК и овојпат не ги премолчува работите. Сепак, најголеми критики и годинава има во секторите кои се дел од ПДВН односно кај медиумите, судството, темелните права, корупцијата и јавната администрација. Годинава, за жал, ЕК ги критикува и економските перформанси на државата, но и нејзините капацитети да изготви пристојни документи од коишто би можело да се направат реални предвидувања на настаните (на пример, Претпристапната економска програма која ја изготвува Министерството за финансии). Позитивно се оценети – и овојпат – институциите кај кои нема голем простор за политизација (на пример, во Поглавјето 1 кај слободното движење на стоки), Институтот за стандардизација на Република Македонија, Бирото за метрологија и Институтот за акредитација.

Интересно е да се забележи дека годинешниов извештај, во споредба со претходните извештаи, вклучувајќи го и ланскиот, многу често го користи изразот „сериозна загриженост“ или „значителна загриженост“. Анализата покажува дека овие изрази се користат 16 пати и тоа во следниве области – корупција (јавни набавки, распространетост), човекови права (систем на затвори, поправни и малолетнички домови, антидискриминација), невработеност, јавна администрација (апсорпциски капацитет на институциите, Центрите за социјална работа, одржливоста на Центрите за ментално здравје), избори (злоупотреба на државни средства за време на изборна кампања), Полицијата (однесувањето на полицијата при лишувањето од слобода и сослушувањето) слободата на изразувањето, организираниот криминал, веродостојна статистика итн.

 

The attempt for an express adoption of the Media Law by the government came across some strong reactions by journalists, their larger Association (Association of Journalists of Macedonia) and several NGOs. There were numerous allegations for circumvention of the public debate, as well as reactions from the international community, resulting with a slowdown in the adoption of a comprehensive and complex legal text.

Several pro-government newsrooms – unsurprisingly – contributed to the defense of the government’s speediness and the content of the text, without analyzing the essence of the Media Law. Read the rest of this entry »

  • Comments Off on Review: Meeting of the work team of MISA and MAN regarding the draft Media Law
  • објавено во: Европска унија
  • Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) подготвија компаративна анализа на извештаите на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за периодот 2009-2012 година насловена како „Европски розови облачиња“.

    Целата анализа со подеталната методологија се достапни тука.