Македонија во Европска унија

Archive for the ‘Европска унија’ Category

Едно од најважните прашања за легитимитетот и задоволството на граѓаните во демократското општество е довербата во институциите. Како дел од истражувањето “Студија за младите во Република Македонија 2013“ изработено од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ) и Фондација Фридрих Еберт се прашуваат младите во која институција имаат најголема доверба.

На младите им беше понудено да се изјаснат за довербата или недовербата кон вкупно 16 (јавни и приватни) институции, на скала од 1 до 4, при што 1 значи „воопшто не им верувам“, а 4 „многу им верувам“. Освен највисоките политички институции, листата на институции вклучуваше и меѓународни организации (ЕУ и НАТО), медиуми, НВО, религиски организации, синдикати и банки.

aaaaaaa

Според добиените резултати, најголема доверба младите од Р. Македонија имаат во меѓународните институции, Европската Унија и НАТО (М=2.6), до што е близу македонската војска (М=2.57). Овој податок според кој младите повеќе им веруваат на меѓународните политички институции во споредба со домашните институции, но и на медумите и граѓанското општество, е секако лош показател за состојбата на демократијата во Р. Македонија, погледната од перспектива на младите. Следна група на институции кои ја имаат довербата на младите се религиските институции (М=2.47), полицијата (М=2.46) и банките (М=2.42), по што следуваат синдикатите (М=2.34) и судовите (М=2.31). Блиски до средните вредности на корпусот политички институции, Парламент (М=2.05), Влада (М=2.21), Претседател (М=2.2) и локална самоуправа (М=2.23), се медиумите (М= 2.19) и НВО (М=2.16). Довербата во Парламентот на Р. Македонија е најниска помеѓу последната група институции и е поблиска до довербата во политичките партии, која е најниска во истражувањето и изнесува М=1.95.

500px-Logo_Friedrich_Ebert_Stiftung.svg_isppi-logo

Во случајот Судот (Големиот совет) одговара на прашањето дали при определувањето на висината на надоместокот за експропријација на објекти, треба да се земат предвид нивните посебни архитектонски, културни и историски карактеристики

Околностите на случајот

Апликантот бил државјанин на Турција роден 1903, а починал во 2005. Во време на настаните тој бил жител на Адана. Некаде во 1930 се стекнал со сопственост врз двоспратна камена куќа изградена во 1906, со површина од 516 м2 и со интересна архитектура. Во 1990, Комитетот за заштита на културното и природното наследство на Адана ја регистрирал куќата како имот со културно значење во смисла на Законот за заштита на културното и природното наследство од 1983. Во 1998 куќата била вклучена во проект за заштита на урбаната средина, а исто така била евидентирана во листата за заштита на културното и природното наследство на Советот на Европа.

Во 2000 надлежниот орган донел наредба за експропријација на имот во контекст на проектот за рехабилитација и регенерација на улиците околу изворот на Св.Павле. Во текот на постапката за експропријација, една група на експерти ја утврдила вредноста на куќата во износ од 36,856,856,000 Турски лири (околу 65,000 евра) што му бил исплатен на апликантот при трансферот на сопственоста. Апликантот повел судска постапка за зголемување на надоместот. Судот, врз основа на оцената и пресметката на уште две групи експерти кои ја зеле предвид и историската и културната вредност на куќата, утврдил право на надомест во висина од 181,448,588,000 лири.

Касацискиот суд ја укинал таа пресуда врз основа на член од Законот за заштита на културното и природното наследство според кој при утврдувањето на надоместот не може да се земе предвид вредноста на предметот на експропријација којашто произлегува од неговата старост, реткост или од неговите уметнички карактеристики.

Во постапката пред Судот е утврдено дека Касацискиот суд во повеќе наврати укинал пресуди на пониските судови во кои не било земено предвид намалувањето на вредноста на објектите како резултат на нивното регистрирање како објекти со културно и историско значење.

За да го прочитате целиот случај и коментарот, ве молиме следете го овој линк.

campaignlogo

По распадот на Југославија, земјите во регионот се соочуваат со големи политички, општествени и економски промени и превирања. Во периодот на транзиција и формирање на независни национални држави, градење на сопствени идентитети и демократски вредности, овие земји се стремат кон интеграција во Европската Унија. Македонија уште од 2006 година е носител на кандидатскиот статус, како и Србија и Црна Гора, додека Хрватска, оваа, 2013 година, стана земја-членка на ЕУ. По сите овие случувања и промени, со цел да се измерат ставовите, желбите и очекувањата на младите во земјите на поранешна Југославија, Фондацијата „Фридрих Еберт“ иницира спроведување на студија за млади во земјите од регионот. Во Македонија, истражувањето го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Основната цел на оваа студија е да ги измери, опише и објасни главните ставови, верувања и вредности на македонската млада популација во однос на: општеството, економијата, образованието, вработувањето, политиката, интеграцијата во Европската Унија, религијата, семејството, социјалниот живот и преференците за животниот стил. Студиите за младите отсекогаш биле, и сé уште се предмет на голем интерес, но идејата и иницијативата за ова истражување доаѓа од страна на ФЕС во вистинско време, бидејќи младата македонска популација, како и младата популација ширум светот, припаѓа на генерацијата позната во светот како Милениумска генерација, или Генерација Y (родени во периодот од 1981-1999 година). За младите од оваа генерациска група се верува дека поседуваат многу специфичен и уникатен сет на вредности, карактеристики и преференци, бидејќи овие млади луѓе се сведоци на многу општествени и економски трансформации во нивното неодамнешно минато и се генерација која е израсната во период на иновациско-технолошка кулминација.

Младите од Балканот, или поконкретно, од земјите на поранешна Југославија, се сведоци на повеќе драматични и впечатливи настани: граѓански војни, колапс на федеративната држава и сепарација во помали независни држави, премин од комунизам во капитализам, долг процес на транзиција, приватизација на општествената сопственост, визна забрана и визна либерализација, промена на домашните и странските валути, висока стапка на невработеност и сиромаштија – наспроти инстант-збогатување, мноштво политички и владини промени. Од друга страна, пак, во исто време се одвиваше ерата на иновација на компјутерите, мобилните телефони и Интернетот, што претставуваше своевидна револуција и почеток на нов, модерен начин на живеење, по што се карактеризира 21. век.

Исто така, резултатите можат да послужат за потпомагање и забрзување напроцесот на интеграција во ЕУ, преку идентификување на точките на совпаѓање и разидување помеѓу македонскиот (балканскиот/југоисточниот) и европскиот идентитет на младата популација и очекувањата за иднината.

Целата студија можете да ја погледнете на следниов линк.

500px-Logo_Friedrich_Ebert_Stiftung.svg_isppi-logo

Дата: 17.02.2014

Европскиот комесар за правда Вивиен Рединг предупреди дека Велика Британија ќе го загуби влијанието доколку излезе од ЕУ, и дека целата работа со тоа што британската влада го поставува прашањето за излегување од ЕУ, вусшност со тоа сака да го одвлече вниманието од вистинското прашање а тоа е да се најде решение за економијата на Европската Унија

“Вистината е дека доколку Велика Британија е надвор од ЕУ, ќе го загуби влијанието. Ако Велика Британија ја напушти ЕУ, таа не би да биде во можност да влијае врз регулативата на ЕУ. Тие ќе мораат да живеат по правилата кои ги одлучуваат другите земји на ЕУ ” изјави Рединг пред публиката во Кембриџ на 17 февруари.

“За да се ​​добиете пристап до единствениот пазар, мора да ги применувате правилата на пазарот. Само прашајте ги Норвежаните. Тешко е да се сфати зошто другите земји-членки би и одобриле на Велика Британија неограничен пристап до нивните пазари без притоа да бараат Велика Британија да ги применува правилата на ЕУ “, додаде таа.

Федералниот комесар исто така додаде дека реториката на конзервативците на Дејвид Камерон, кои сакаат повторно да се преговара за членството на Велика Британија во ЕУ и ветија референдум по ова прашање во 2017 година доколку тие победат на следните избори  е тоа дека го одвлекуваат вниманието од реалните проблеми со кои се соочува Унијата.

“Изнаоѓањето решенија за проблемите какви што ги има во банкарскиот и финансискиот сектор е она нешто кон што сите ние треба да ја фокусираме нашата енергија и креативност “, изјави Рединг.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

new_europe_logo

Автор: Roy Greenslade 

Дата: 17.01.2014

Европските судии ја поставуваат границата на приватноста  на политичарите

Јулија Гајет, жената која според магазинот „Closer“, била во двегодишна врска со францускиот претседател Франсоа Оланд, го тужи весникот за нарушување на приватноста. Според  AFP извештајот напишан од BBC, Гајет тужи за сума од 50.000 евра плус 4000 евра за трошоци на постапката.

Тужбата на Гајет би можела да заврши со одлука која го применува европското законодавство за човекови права. Ако е така, што ќе биде веројатниот резултат?

Во блогот на Лустиг кој го толкува европското право се вели:

„Ако правилно ги толкувам пресудите на Стразбур, согласно конвенциското европско право сосема е во ред да се разоткрие аферата, бидејќи постои легитимен јавен интерес за тоа како политичкиот лидер го води приватниот живот. Но сепак според судиите во Стразбур она што се случува зад затворени врати или условно кажано она што се случува помеѓу чаршафите, останува затворено и за јавноста, а ваквото правило важи и за претседателите и премиерите“.

Целосниот текст може да го најдете тука

the-guardian-logo

Дипломатик сала на Конгресниот центар на Скопскиот саем на 13.02.2013 во 10:30 часот.

Историски осврт на граѓанскиот активизам – Дефиниции и сфаќања за автентичниот граѓански активизам – Односите помеѓу различните граѓански иницијативи, движења и невладини организации – Односите помеѓу власта, политичките партии и граѓанското општество. – Разгледување на феноменот „контрапротест“ и другите искуства (поуките/предизвиците) на граѓанските иницијативи во Македонија. – Важноста на граѓанскиот активизам во процесот на европеизација на општеството и менување на политичката култура во контекст на европската интеграција на Македонија.

Дебатата е дел од проектот на ФООМ и МЦЕО насловен „Преговарачки тимови во сенка“, чија цел е подготвување на локални експерти за процесот на преговорите на Македонија со Европската унија, како и отворање на некои од клучните прашања поврзани со пристапувањето кон ЕУ, но и процесот на европеизација и демократизација на македонското општество.

На дебатата ќе биде претставен и документот за јавни политики “Предавници, платеници и сендвич-демонстранти: Граѓанскиот активизам во македонскиот јавен дискурс,” изработен од страна на Димитар Николовски од МЦЕО како дел од работните стипендии од Проектот за поддршка на граѓанското општество на УСАИД-Македонија и Фондацијата отворено општество-Македонија.

 

FOOM logo 20 god copy                                            logo14
 

Автор: Валентина Поп

Дата: 10.02.2014

Швајцарските гласачи во неделата на 9-ти февруари гласаа за воведување на ограничувања за доселување на имигранти од Европската Унија- потег кој може да предизвика исклучување на богатата Алпска држава од внатрешниот пазар на ЕУ.

Како што кажуваат официјалните резултати гласањето помина со многу мала разлика односно со 50,3 проценти.

Ризикот на овој потег е во тоа што ќе се онеспособи пактот помеѓу ЕУ и Швајцарија за слободно движење на луѓето кој стапи на сила пред 12 години и кој може да бидат прекинат ако со закон стапат на сила резултатите од референдумот во Швајацарија.

“Ова е одлучувачки момент, промена на системот со далекусежни последици за Швајцарија”, изјави министерката за правда Симонета Сомаруга за новинарите во Берн.

Европската Комисија преку соопштение изјави дека ќе ги разгледа потенцијалните последици откако владата на Швајцарија јасно ќе стави до знаење кои се нејзините планови.

Портпаролот на Европската Комисија, Оливер Баили во неделата за швајцарските новинари изјави дека повторното преговарање за слободата на движење во кое ќе се вклучат отстапки, не се зема во предвид.

“Слободата на движење не се преговара. Не можете да преговарате за слободата. Таа или се однесува за сите граѓани или за никој, изјави тој.

Комесарот за правда на ЕУ, Вивиен Рединг искажа слично предупредување.

“Четирите фундаментални слободи – слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги – се неделиви. Единствениот пазар не е швајцарско сирење. Вие не може да имате единствен пазар со дупки во него”, изјави таа за Фајненшал Тајмс.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

Автор: Andrew Rettman

Дата: 10.02.2014

Бројките во Велика Британија укажуваат на тоа дека во Европа живеат исто толку многу британски граѓани, колку и обратно и покрај популарните перцепции.

Бројките кои ја опфаќаат 2010 година беа поднесени како одговор минатата недела од страна на владата на парламентарното прашање поставено од Метју Оуксхот, член на либералната партија на парламентот на Велика Британија

Во споредба со 2,3 милиони граѓани на ЕУ кои се во Велика Британија, во кои се вклучени и луѓето кои дојдоа откако Полска и девет други држави се приклучија на Унијата во 2004 година, Британските конзуларни органи проценуваат дека 2,2 милиони Британци живеат во другите 26 земји на ЕУ, со исклучок на Хрватска која влезе во 2013 година. Претходниот одговор на прашањето од Оуксхот во јануари гласеше дека 900 Британци живеат во Хрватска, со што пропорциналноста на миграција е поблиску до номиналната вредност.

Информациите на земјата велат дека само над 1 милион Британци живеат во Шпанија. Други популарни дестинации се: Франција (330.000); Ирска (329.000); Германија (107.000); Кипар (65.000); Холандија (48.000); Грција (45.000); Португалија (39.000) и Италија (37.000).

Одговорот на владата укажува на тоа дека реалните бројки може да се уште  поголеми, поради доказите кои постојат за нерегистрирани граѓани во Франција, Португалија и Шпанија.

Во меѓувреме, релативно малку се зголемил бројот на нови случаи од поранешните комунистички или поранешните советски земји сега членки на ЕУ кои доаѓаат во Велика Британија, на пример од Полска има само 6000 граѓани кои се носители на пасош од Велика Британија.

Статистиката доаѓа во време на дебатата за ЕУ имиграција во пресрет на изборите за Европскиот парламент во мај.

Главната британска евроскептична партија, минатата година предвиде дека многу економски мигранти ќе дојдат од Бугарија и Романија, кога ограничувањата на работната сила ќе истече на 1 јануари 2014 година.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

 EUObserver

Автор: Dan Alexe  

Дата: 06.02.2014 

2014 година ќе донесе серија на големи промени во функционирањето на институциите на ЕУ. Парламентарните избори во мај, како и промената на составот на Комисијата на ЕУ кои ќе следи во есен, ќе ги замени сегашните мрежи на влијание, од кои повеќето веќе не одговараат на реалната моќ на земјите-членки. Но исто така Договорот од Лисабон (усвоен 2009) оваа година ќе дојде во полн замав, заменувајќи ги одредбите од Договорот од Ница (усвоен 2001).

Најочигледни и најефективни промени ќе бидат оние со кои ќе се измени системот на гласање внатре во Советот на министри. Квалификуваното мнозинство ќе биде воведено, а правилото за едногласност ќе биде исфрлено освен за прашањата кои ќе бидат поврзани со националната безбедност.  Така, еден директен ефект од Лисабонскиот договор ќе биде редистрибуција на моќта во внатрешноста на институции. Собранието ќе добие нови овластувања и надлежности. На Советот на Министри веќе овластувањата му се многу намалени, воглавно од употребата на квалификувани мнозински гласачки процедури во скоро секоја политичка област надвор од оданочувањето и надворешната политика.

Сегашниот систем на гласање во Советот, базиран врз Договорот од Ница, кој ќе биде во функција до ноември кога идната комисија веќе ќе биде формирана е екстремно комплициран и незгоден. Тој се користи во последната деценија и тој е наводно неразбирлив за нестручњаците. Засега, според Договорот од Ница, гласањето внатре во Советот останува врз база на праг на тројно мнозинство. За да се усвои секое делче од законодавство, треба да се соберат 74% од гласовите на земјите-членки, 62% од населението на ЕУ, и мнозинство од земјите-членки.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

new_europe_logo

 

0A11AEB2-BA3B-48B9-9D9A-A82335A6BE83_mw1024_n_s

Бојан Маричиќ: Со сите држави од регионов освен со Македонија и Босна и Херцеговина Европската Унија има идеја што да прави со нив и има план како да ги турка процесите напред. Можеме да се потсетиме дека во 2005 година кога ние жалевме што сме добиле само кандидатски статус а не преговори, Србија уште немаше потпишано ни Спогодба за асоцијација и стабилизација а Црна Гора уште не постоеше како држава, но денеска е една комплетно друга слика. Тоа е практично поука и за државите од Западен Балкан како целина но и за нас конкретно. Ние на почетокот на евроинтеграцискиот процес уште во 1997 година кажавме дека не сакаме да бидеме во пакет со Србија, Босна кои беа проблематични држави туку што излезени од војна, Хрватска горко се бореше да излезе од регионот на Западен Балкан така што не сакавме да одиме заеднички. Сега од кога таа политика се усвои дека не одеме заеднички, дека секоја земја треба да се цени по заслугите сега нам таа политика не ни одговара бидејќи реално заостануваме и вистина е дека Македонија и Босна и Херцеговина се во блокада и со нејасна европска перспектива.

За хрватскиот случај треба да се има предвид дека имаше периоди на целосна блокада, една година имаше спор со Словенија, скоро една година кога требаше да се предадат хрватските генерали во Хаг на самиот почеток на преговорите и токму заради тоа заедно со ратификацијата целиот процес траеше скоро осум години. Мислам дека во случајот на Србија ќе биде пократко со оглед на тоа што најкрупниот проблем што тие го имаа во однос на статусот и односите со Косово веќе е на пат на решавање и мислам дека на тоа се должи и новата политика условно речено на ЕУ да прво практично ги натера државите да ги решат крупните прашања за да преговорите течат поблаго односно да се фокусираат повеќе на реформите отколку на крупните политички прашања и односите со соседите

Целосното интервју можете да го погледнете на следниов линк.