Македонија во Европска унија

Archive for June, 2014

infografik 2.7

haider2_196487a

Автор: Ана Чупеска 

Дата: Maj 2014

Во изминатите 10 години популистички ветришта ги зафатија Источна и Средна Европа. Демократски избраните конзервативни власти во многу држави, во името на народот, спроведуваат политики што се во спротивност со модерното сфаќање на либералната демократија.

Иако пробивот на екстремната десница не успеа во Германија и во Холандија, сепак, во Австрија, Франција и Фландрија таа стана важен играч на политичката арена.

И покрај тоа што односот на популистичките автократи кон европските темелни вредности е во најмала рака сомнителен, Унијата досега не нашла задоволителен одговор на загрозувањето на принципите на кои се темели, делумнопоради политичките компромиси и партиската солидарност на десничарските партии, а најмногу поради фактот што не постојат добри механизми за казнување на застранувањата од демократските вредности. Овој информативен документ ги опишува целисходноста и ограничувањата на механизмите со кои ЕУ се бори за заштита на своите вредности, и тоа преку парадигматичниот пример на австриската Влада во која учествуваше и партијата на екстремниот десничар Јерг Хајдер.

Целиот документ можете да го прочитате на следниов линк.

12577article-2458354-12D02194000005DC-241_634x392

Следејќи ги резултатите од европските избори, Европа достигна една историска точка. Се соочи со две прашања. Првото, како Унијата ќе го исполни своето ветување дека ќе стане подемократска. Второто, дали Англија ќе остане дел од Европската Унија.

Врската помеѓу овие две прашања стана јасна кога премиерот Дејвид Камерон одби да ги признае резултатите од Европските избори и номинирањето на новиот претседател на ЕК.

Повеќето земји и лидери во Европскиот Совет се согласија на оваа процедура. Но Камерон тоа не го направи.

Кризата во европската демократија е исто така последица од несредената врска. ЕУ и Англија ги согледуваа нивните врски како товар во последните години. Луѓето во Брисел страдаат бидејќи официјален Лондон константно го спречува европското единство.

Поентата!

Во Англија луѓето страдаат од ЕУ сами по себе. Тоа е хронично страдање без перспектива на ослободување. За време на европските избори на 25 Мај анти европската партија УКИП освои 27.5 проценти од гласовите правејќи ја најсилната англиска партија во новиот Европски парламент.

Велика Британија и ЕУ се како пар кој е несреќен но бега од правење нешто заради тоа.

Би била трагедија за Велика Британија да ја напушти Европската Унија т.е би бил огромен политички, економски и културен губиток. Навистина британците се многу заслужни за денес Европа да биде толку посебна и луѓето да се горди на неа. Тие ја претставија демократијата кога апсолутизмот преовладуваше во Европа. Тие ни ги покажаа предностите на економскиот либерализам кој покрај сите слабости дефинитивно ја претвори Европа во преспективен континент. И конечно, британците ја снабдија Европа со културно богатство.

Како и да е Велика Британија никогаш немала апетит за европските интеграции. Преовладувачката преспектива во Лондон за ЕУ е дека таа треба да биде слободна трговска зона но никако политичка унија.

Има и себични и националистички причини за ова но тие се недоволни за да го објаснат овој феномен. Не е географија – фактот што земјата е остров – тоа ја прави исклучок. Земјата исто така има посебна политичка култура. За британците кои никогаш не направиле сопствен устав и наместо тоа се ослонуваат на куп документи за да обезбедат примена на правото, европските регулативи остануваат непознати денес. Во продолжение, не треба да се заборави фактот дека Британија сака да одржува тесни врски со Соединетите американски држави.

Доста е доста…

И покрај тоа што Европа ги прифати британските посебности и поединечности  доволно долго. Европа дозволи да биде уценувана. Беше трпелива до точката на само-одбивање. Со декади и се простуваше на Англија за секое вето – секоја посебна желба беше задоволена.  Кога Маргарет Тачер во 1984 кажа „Си ги сакам парите назад“, ЕУ и го даде „Британскиот попуст“ од кој земјата се уште има бенефит. Ништо од ова не допринесе британците да го сменат нивниот поглед и денес Британија е оддалечена повеќе од кога и да било.

Време дојде за појаснување. И ЕУ треба да одлучи што е повеќе важно: подемократска Европа или Британија да остане член. Појаснувањето мора да дојде сега – со избирањето на новиот претседател на Европската Комисија. Тоа е одлука која не може да чека до 2017, годината во која Дејвид Камерон рече дека ќе распише референдум за членството на Британија во ЕУ.

ЕУ не може да дозволи да биде уценувана од британците други 3 години.

Англија е важна, само да бидеме јасни. Но изборот помеѓу подемократска Унија и продолжување на британското членство во Унијата е јасен. Европа мора да избере демократија.