Се исклучуваме, Гласањето започнува.   Во Европскиот парламент постои чувство на мала возбуда помешана со нервоза.

„Активирај се. Реагирај. Имај влијание“  е повикувачкиот слоган. „Овој пат е различно“ е уште еден слоган кој треба да ги привлече гласачите.

Во овие четири дена се гласа низ Европа. Технички, резултатите нема да бидат соопштени до 11:00 во неделата навечер.  Во  најдоброто сценарио на Европската Комисија за состојбата на европскиот политичка простор, Комисијата предвиди дека граѓаните од државите кои гласаат подоцна на европските избори, ќе бидат понесени од гласачите кои гласале пред нив.

Еве некои статистики за гласањето. Околу 400 милиони луѓе имаат право на глас. Околу 40 милиони од нив се за првпат гласачи. Околу 16.000 луѓе се кандидираат за 751 места. Од овие околу 3000 се во Франција. Четириесет и девет проценти од кандидатите на Словенија се жени,  а во Кипар само 23 проценти.

Пита табели – или попознати како camemberts (вид на сирење) – кои ги предвидуваат можните резултати и коалицирањето  се насекаде.

Секој сака да знае каде „non inscrits“ или независните пратеници ќе се приклучат. Non inscrits е љубезен термин за политички бездомни пратеници. Околу половина од ваквата  серија доаѓаат од екстремно десничарските групи , како што се Лега Норд или Влаамс Беланг .

Но, вечерта ќе биде се за тајмингот. Претсаделството со Европската комисијата , во теорија, би требало да биде во рацете на партијата со најголем број гласови . Или, доколку тоа не успее, кандидатот што може да добие најголема поддршка во новиот парламент.

Главните политички групи и нивната желба за нивни претседателски кандидати за Комисијата , исто така,го демнат Парламентот.

Централно-десничарски кандидат Жан- Клод Јункер и неговиот централно-левичарски ривал Мартин Шулц имаат закажано да  одржат прес-конференции. Тоа  се внимателно испланирани работи, особено ако се земе во предвид , дека,  Јункер е во благо водство.

Декларации, ставови, и доза на шпекулации може да се очекува. Сепак првите официјални резултати ќе бидат соопштени во вторник наутро.

Целиот текст можете да го најдете тука.

EUObserver