Европска Унија мора да создаде енергетска унија со цел да ги обезбеди своите потреби и со тоа да ја намали својата зависност од рускиот гас, изјави премиерот на Полска, Доналд Таск.

Според проектот на Таск, кој беше објавен во Фајненшл Тајмс во вторникот (22 Април),  би се се состоел од единечно европско тело кое ќе купува гас за целиот блок од 28 земји. Со овој проект ќе се стави крај на системот кој во моментов ја приморува секоја земја да преговара за себе со енергетскиот гигант Гаспром, фирма поддржувана од владата, која доминира на рускиот пазар за гас.

Прашањето за енергетската независност, коешто одамна беше од особен интерес за источно-европските земји на ЕУ, за кое повеќето се жалат дека плаќаат превисоки цени на Гаспром, се повеќе се истакнува, најверојатно како резултат на тековната криза во Украина.

Минатиот месец Русија дупло ја зголеми цената на енергијата која ја продава во Киев, со тоа зголемувувајќи го пристисокот на веќе осиромашената влада во Украина.

Во меѓувреме, балтичката држава Литванија го тужи Гаспром, тврдејќи дека плаќа 35 отсто повеќе за својот гас отколку Германија.

Гаспром е моментално предмет на истрага од страна на Директоратот за конкуренција на Европската комисија во врска со нејзиното работење во осум земји на ЕУ, вклучувајќи ја и Литванија, и можно е да се соочи мултимилионска парична казна за злоупотреба на својата позиција како доминантна сила на пазарот на гас.

“Денес, најмалку 10 земји-членки на ЕУ зависат од еден снабдувач – Гаспром и тоа за повеќе од половина од нивната потрошувачка”, истакна Туск.

Сепак, европскиот комисионер за енергетика Гинтер Оетингер не го дели мислењето на Таск кој изјави дека дoговорите за гас помеѓу европските држави и Русија нема да бидат засегнати дури и ако се воведат економски санкции врз Москва поради својата улога во дестабилизацијата на Украина.

Од моите многу разговори со Гаспром, мојот впечаток е дека нашите руски партнери ќе ги исполнат своите договорни обврски”, изјави Отингер за еден германски неделен весник.

Целиот текст може да прочитате на следниов линк.

EUObserver