Европскиот парламент во средата усвои директива за намалување на употребата на пластичните кеси за еднократна употреба за 50 проценти до 2017 година и 80 проценти две години подоцна.

Државите ќе бидат во можност самите да изберат стратегија, како на пример да ги оданочуваат кесите или да ги забрануваат. Европските министри се должни да дебатираат во врска со овој закон во јуни, а и парламентот ќе продолжи со истото подоцна оваа година по претстојните избори во мај.

100 билиони пластични кеси се употребуваат секој ден во рамките на Европската унија и скоро 8 билиони завршуваат како ѓубре во европските мориња. 94 проценти од сите птици во северното море имаат во себе пластика според статистиката од Европската комисија

Екологистите ја поздравија директивата на ЕУ, но претставниците на Европската пластична индустрија беа критични.

“Исфрлените пластични кеси убиваат милиони морски животни секоја година. Тоа стана голем проблем во Европа и ова е таков проблем со кои што ќе мора да се справуваме сите заедно,” рече Крис Дејвис, европскиот портпарол за животна средина од либералдемократите.

Карл-Х. Фоерстер, извршен директор на трговска асоцијација Plastics Europe, смета дека на Европа не и се потребни нови правила на оваа тема туку дека и е потребно подобро управување со отпадот.

“Забраната на пластични кеси не е решение за да се справиме со проблемот на неодговорно користење”, рече тој, додавајќи дека ако им се овозможи на земјите да поставуваат сопствени правила на оваа тема ќе биде “штетно за слободното движење на стоки во Европа”.

Употребата на пластични кеси значително варира помеѓу земјите-членки. Во Данска, каде што пластичните кеси се оданочуваат, просечно човек користи 4 пластични кеси за еднократна употреба годишно со што се најниски во Европската унија. Во меѓувреме во Португалија, Полска и Словачка едно лице користи 466 пластични кеси годишно, според бројките на Комисијата.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

Reuters