Оваа година ќе имаме прилика да ја погледнеме првата телевизиска дебата помеѓу кандидатите кои се во трка за следен претседател на Европската комисија, и се очекува деталите за форматот на дебатата  да бидат предизвикувачки.

Европската радиодифузна унија (ЕРУ)- обично повеќе поврзана со овогодинешниот избор за песна на Евровизија,- ќе емитува дебата во живо помеѓу официјалните кандидати во седиштето  на европскиот парламент во Брисел на 15-ти Мај по 21:00 локално време.

Датумот е една недела пред изборите на ЕУ.

Учесници во дебатата ќе бидат Жан-Клод Јункер од Луксембург, поранешен премиер, за централно-десничарската ЕПП; германскиот претседател на ЕУ парламентот Мартин Шулц за централно-левичарската; белгискиот европратеник Ги Ферхофштат за либералите и Алексис Ципрас, водачот на грчката партија Сириза, за екстремно левите. Зелените допрва треба да се одлучат кои од нивните двајцата водечки кандидати (францускиот европратеник Жозе Бове или германскиот европратеник Ска Келер) ќе ги претставува во дебатата.

Дебатата ќе биде со времетраење од 90 минути. Петте политичарите ќе бидат “поттикнати” да зборуваат на англиски јазик.

Ќе се обрне големо внимание на редоследот по кој ќе зборуваат учесниците. Но се уште не е одредено ниту колку време ќе му биде доделено на секој учесник и дали ќе има конкретни теми за дискусија – како што се економијата или имиграцијата.

“Тоа е предизвик,” вели Бен Стјуард, задолжен за комуникации на ЕБУ

Големиот број на учесници е исто така проблем. За соочување на двајца политичари во кохерентна и интересна телевизизиска дебата е потребна вештина. Правејќи го истото тоа со пет политичари бара уште поголема вештина и одредена немилосрдност со стоперицата.

Оваа задача и е доделена на Моника Магиони, поранешен италијански воен репортер и актуелен директор на РАИ 24 вести.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

EUObserver