Едно од најважните прашања за легитимитетот и задоволството на граѓаните во демократското општество е довербата во институциите. Како дел од истражувањето “Студија за младите во Република Македонија 2013“ изработено од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ) и Фондација Фридрих Еберт се прашуваат младите во која институција имаат најголема доверба.

На младите им беше понудено да се изјаснат за довербата или недовербата кон вкупно 16 (јавни и приватни) институции, на скала од 1 до 4, при што 1 значи „воопшто не им верувам“, а 4 „многу им верувам“. Освен највисоките политички институции, листата на институции вклучуваше и меѓународни организации (ЕУ и НАТО), медиуми, НВО, религиски организации, синдикати и банки.

aaaaaaa

Според добиените резултати, најголема доверба младите од Р. Македонија имаат во меѓународните институции, Европската Унија и НАТО (М=2.6), до што е близу македонската војска (М=2.57). Овој податок според кој младите повеќе им веруваат на меѓународните политички институции во споредба со домашните институции, но и на медумите и граѓанското општество, е секако лош показател за состојбата на демократијата во Р. Македонија, погледната од перспектива на младите. Следна група на институции кои ја имаат довербата на младите се религиските институции (М=2.47), полицијата (М=2.46) и банките (М=2.42), по што следуваат синдикатите (М=2.34) и судовите (М=2.31). Блиски до средните вредности на корпусот политички институции, Парламент (М=2.05), Влада (М=2.21), Претседател (М=2.2) и локална самоуправа (М=2.23), се медиумите (М= 2.19) и НВО (М=2.16). Довербата во Парламентот на Р. Македонија е најниска помеѓу последната група институции и е поблиска до довербата во политичките партии, која е најниска во истражувањето и изнесува М=1.95.

500px-Logo_Friedrich_Ebert_Stiftung.svg_isppi-logo