Автор: Dan Alexe  

Дата: 06.02.2014 

2014 година ќе донесе серија на големи промени во функционирањето на институциите на ЕУ. Парламентарните избори во мај, како и промената на составот на Комисијата на ЕУ кои ќе следи во есен, ќе ги замени сегашните мрежи на влијание, од кои повеќето веќе не одговараат на реалната моќ на земјите-членки. Но исто така Договорот од Лисабон (усвоен 2009) оваа година ќе дојде во полн замав, заменувајќи ги одредбите од Договорот од Ница (усвоен 2001).

Најочигледни и најефективни промени ќе бидат оние со кои ќе се измени системот на гласање внатре во Советот на министри. Квалификуваното мнозинство ќе биде воведено, а правилото за едногласност ќе биде исфрлено освен за прашањата кои ќе бидат поврзани со националната безбедност.  Така, еден директен ефект од Лисабонскиот договор ќе биде редистрибуција на моќта во внатрешноста на институции. Собранието ќе добие нови овластувања и надлежности. На Советот на Министри веќе овластувањата му се многу намалени, воглавно од употребата на квалификувани мнозински гласачки процедури во скоро секоја политичка област надвор од оданочувањето и надворешната политика.

Сегашниот систем на гласање во Советот, базиран врз Договорот од Ница, кој ќе биде во функција до ноември кога идната комисија веќе ќе биде формирана е екстремно комплициран и незгоден. Тој се користи во последната деценија и тој е наводно неразбирлив за нестручњаците. Засега, според Договорот од Ница, гласањето внатре во Советот останува врз база на праг на тројно мнозинство. За да се усвои секое делче од законодавство, треба да се соберат 74% од гласовите на земјите-членки, 62% од населението на ЕУ, и мнозинство од земјите-членки.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

new_europe_logo