Во случајот Судот (Големиот совет) одговара на прашањето дали при определувањето на висината на надоместокот за експропријација на објекти, треба да се земат предвид нивните посебни архитектонски, културни и историски карактеристики

Околностите на случајот

Апликантот бил државјанин на Турција роден 1903, а починал во 2005. Во време на настаните тој бил жител на Адана. Некаде во 1930 се стекнал со сопственост врз двоспратна камена куќа изградена во 1906, со површина од 516 м2 и со интересна архитектура. Во 1990, Комитетот за заштита на културното и природното наследство на Адана ја регистрирал куќата како имот со културно значење во смисла на Законот за заштита на културното и природното наследство од 1983. Во 1998 куќата била вклучена во проект за заштита на урбаната средина, а исто така била евидентирана во листата за заштита на културното и природното наследство на Советот на Европа.

Во 2000 надлежниот орган донел наредба за експропријација на имот во контекст на проектот за рехабилитација и регенерација на улиците околу изворот на Св.Павле. Во текот на постапката за експропријација, една група на експерти ја утврдила вредноста на куќата во износ од 36,856,856,000 Турски лири (околу 65,000 евра) што му бил исплатен на апликантот при трансферот на сопственоста. Апликантот повел судска постапка за зголемување на надоместот. Судот, врз основа на оцената и пресметката на уште две групи експерти кои ја зеле предвид и историската и културната вредност на куќата, утврдил право на надомест во висина од 181,448,588,000 лири.

Касацискиот суд ја укинал таа пресуда врз основа на член од Законот за заштита на културното и природното наследство според кој при утврдувањето на надоместот не може да се земе предвид вредноста на предметот на експропријација којашто произлегува од неговата старост, реткост или од неговите уметнички карактеристики.

Во постапката пред Судот е утврдено дека Касацискиот суд во повеќе наврати укинал пресуди на пониските судови во кои не било земено предвид намалувањето на вредноста на објектите како резултат на нивното регистрирање како објекти со културно и историско значење.

За да го прочитате целиот случај и коментарот, ве молиме следете го овој линк.

campaignlogo