Автор: Валентина Поп

Дата: 10.02.2014

Швајцарските гласачи во неделата на 9-ти февруари гласаа за воведување на ограничувања за доселување на имигранти од Европската Унија- потег кој може да предизвика исклучување на богатата Алпска држава од внатрешниот пазар на ЕУ.

Како што кажуваат официјалните резултати гласањето помина со многу мала разлика односно со 50,3 проценти.

Ризикот на овој потег е во тоа што ќе се онеспособи пактот помеѓу ЕУ и Швајцарија за слободно движење на луѓето кој стапи на сила пред 12 години и кој може да бидат прекинат ако со закон стапат на сила резултатите од референдумот во Швајацарија.

“Ова е одлучувачки момент, промена на системот со далекусежни последици за Швајцарија”, изјави министерката за правда Симонета Сомаруга за новинарите во Берн.

Европската Комисија преку соопштение изјави дека ќе ги разгледа потенцијалните последици откако владата на Швајцарија јасно ќе стави до знаење кои се нејзините планови.

Портпаролот на Европската Комисија, Оливер Баили во неделата за швајцарските новинари изјави дека повторното преговарање за слободата на движење во кое ќе се вклучат отстапки, не се зема во предвид.

“Слободата на движење не се преговара. Не можете да преговарате за слободата. Таа или се однесува за сите граѓани или за никој, изјави тој.

Комесарот за правда на ЕУ, Вивиен Рединг искажа слично предупредување.

“Четирите фундаментални слободи – слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги – се неделиви. Единствениот пазар не е швајцарско сирење. Вие не може да имате единствен пазар со дупки во него”, изјави таа за Фајненшал Тајмс.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.