0A11AEB2-BA3B-48B9-9D9A-A82335A6BE83_mw1024_n_s

Бојан Маричиќ: Со сите држави од регионов освен со Македонија и Босна и Херцеговина Европската Унија има идеја што да прави со нив и има план како да ги турка процесите напред. Можеме да се потсетиме дека во 2005 година кога ние жалевме што сме добиле само кандидатски статус а не преговори, Србија уште немаше потпишано ни Спогодба за асоцијација и стабилизација а Црна Гора уште не постоеше како држава, но денеска е една комплетно друга слика. Тоа е практично поука и за државите од Западен Балкан како целина но и за нас конкретно. Ние на почетокот на евроинтеграцискиот процес уште во 1997 година кажавме дека не сакаме да бидеме во пакет со Србија, Босна кои беа проблематични држави туку што излезени од војна, Хрватска горко се бореше да излезе од регионот на Западен Балкан така што не сакавме да одиме заеднички. Сега од кога таа политика се усвои дека не одеме заеднички, дека секоја земја треба да се цени по заслугите сега нам таа политика не ни одговара бидејќи реално заостануваме и вистина е дека Македонија и Босна и Херцеговина се во блокада и со нејасна европска перспектива.

За хрватскиот случај треба да се има предвид дека имаше периоди на целосна блокада, една година имаше спор со Словенија, скоро една година кога требаше да се предадат хрватските генерали во Хаг на самиот почеток на преговорите и токму заради тоа заедно со ратификацијата целиот процес траеше скоро осум години. Мислам дека во случајот на Србија ќе биде пократко со оглед на тоа што најкрупниот проблем што тие го имаа во однос на статусот и односите со Косово веќе е на пат на решавање и мислам дека на тоа се должи и новата политика условно речено на ЕУ да прво практично ги натера државите да ги решат крупните прашања за да преговорите течат поблаго односно да се фокусираат повеќе на реформите отколку на крупните политички прашања и односите со соседите

Целосното интервју можете да го погледнете на следниов линк.