Во моменти кога целиот свет е зафатен од голема економска криза, Владите на државите може да постапат на два начина: да се соочат со кризата и да воведат мерки за штедење со цел државата да ја спасат од банкрот или пак да се надеваат дека времето лечи се, па така со тек на време кризата ќе помине сама од себе. Некои држави сите непродуктивни трошоци ги намалуваат и средствата ги пренасочуваат кон најпогодените делови од економијата. Некои Влади пак сметаат дека моменталната и кратка среќа на граѓаните треба да ја исполнат и со тоа прават градски плажи и носат споменици, сметајќи дека насмевката на граѓаните додека го пијат кафето покрај спомениците ќе остане на нивните лица и во оној момент кога ќе им соопштат дека нивните плати се намалуваат. Некои Влади почитувајќи го минатото ја градат својата држава да биде економски стабилна, а други мислат дека економската стабилност доаѓа со спомениците и замајување на народот со непотребни работи.

На нашата Влада во моментот  главна преокупација и е како да го зголеми буџетот  односно работи на ребалансот на  буџетот, кој како секоја земја која се справува со криза треба да го намали меѓутоа за нашата земја може да се зголеми и тоа на  инвестиции кои нема да придонесат да се зголемат приходите за полнење на државната каса. И овој пат парите ќе се искористат за да да се скрати  не така убавата атмосфера во нашата земја. Додека Македонија како најразмазено дете ќе троши пари за  нови конзуларни преставништва, на кампањата Макинвест , за компјутеризација на училиштата(прокет кој е целосно нефункционален).  Германија пак свесна за ситуацијата во која се наоѓа како и дека навистина е потребно штедење го намалува буџетот во ставки како одбрана на земјата и социјалана грижа. Овде може да се направи една аналогија- во оваа ситуација  Република Македонија е девојка која само сака  со купување на нови работи да ја скрие не така убавата внатрешност , а пак Република Германија е девојка односно дама е свесна дека внатрешната хармонија е побитна од моменталната надворешна убавина.

Милион прашања се вртат во главата на обичниот граѓанин : “Како Европската Унија се справува со економската криза ? Дали  Европската Унија се соочува со банкрот, а со тоа и со распад? Дали Шпанија и Португалија се пред економска криза?“ Овие  и милион други прашања се поставуваат, а сигурни одговори нема.

Од друга страна ние како  Македонци си имаме и поголеми проблеми и поважни прашања во однос на економијата во РМ: “Каде е Република Македонија по овие прашања? Дали РМ презема нешто за да се справи со економската криза и колку таа се чуствува во секојдневието  на обичниот макдеонскиот граѓанин?“.

Во овој текст со сигурност нема да најдете одговор на ниедно од овие  прашања, но ќе посочиме неколку факти кои ќе ви помогнат да развиете свој можен одговор на некои  од горенаведените прашања.

Додека Република Македонија спие и се надева дека ќе дојдат подобри времиња, Европјаните   со сите сили работат на надминување на кризата како на ниво на Европска Унија, така и на ниво на држави. Тие воведуваат инструменти за мониторинг , имаат развиено пакети за штедење и милион други ситници на  кои РМ не помислува.

Ако РМ не е воопшто свесна што и се случува  Европска Унија  прави анализи за надминување на истата и воведува конректни мерки како Европски одбор за  системски ризици кој ќе следи дали земјите од ЕУ трошат разумно и како позајмуваат , ќе даваат препораки упатени до земјите кои ако не ги прифатат ќе требада дадат и соодветно објансување за тоа. Истите препораки ќе бидат дадени и на Советот  за соодветната држава. Мерки на координација и усогласување на макро ниво се превземаат во  ЕУ.

Европа за да се справи со кризата успеа да говори во еден глас. Саркози и Меркел се среќаваат редовно и уште побитно имаат  усогласени ставови за надминување  на економската криза, нешто слично како нашата опозиција и позиција кои тешко успеаа да се договорат за една обична Анкетна комисија.
Франција и Германија бараат на земјите кои ќе имаат дефинити во економијата да им бидат одземени гласовите за одредени политики. Ова е само еден од предлозите за политички притисок кој треба да биде поставен пред земјите кои неразумно трошеле и со тоа ја загрозиле целата еврозона.

А што и се случи на Република Македонија за да ја надмине економската криза:  доби 30 милиони помалку инвестиции од минатата година, неколку нови скандали со корупција каде пари на граѓаните на РМ се украдени, и најдобриот дел десетици нови споменици тешки колку економските проблеми на  Македонците. Земјите како Косово, Албанија и Србија во минатите две години имаат зголеми инвестиции за разлика од Македонија.

Да, Европа така ги решава своите проблеми- со политичка координација и говорејки во еден глас,  со заеднички сили со пакети за штедење, а не со пакети за трошење.

И еве не мора да се споредуваме со Европска унија тоа е поим што повеќе од половина од светот не го разбира  и не ги знае фактите за нејзино фунционирање. Еве ќе  земеме еден добар пример за развиена  економија која и во кризни  времиња функционира и што е уште побитно размислува  на долг рок и уште  повеќе  кое се покажа дека е ефективно-  Република Германија. За да се справи  со кризата Република Германија го воведе таканаречениот пакет за штедење кој вклучува мерки како намалување на бројот на вработени во  федералната администрација  и бројот на војници, субвенции за родители кои ќе останат дома, а пак  Република Македонија  ќе ја  зголемува и онака огромната бројка на државна админитрација.   Дамата  Германија воведува и нови даноци за  нуклераната индустрија додека  шмизлата РМ  и да воведе нови даноци тие ќе бидат за уште една нова владина камапања или споменик односно за китење на неубавата надворешност.  Мерките кои ги превзема Република Германија веќе покажуваат резултати  односно придвижување на пазарот на трудот и зголемување на бројот на работните места, додека   Македонија само повеќе тоне во долгови и  невработеност на своите граѓани. Додека од година во година РМ го зголемува годишниот буџет, Р.Г ерманија од година во година го намалува и тоа  во првата година ќе  биде 11, 2 милијарди евра и секоја наредна година по 8 милијарди  помалку од вкупниот буџет.

Она што можеме  да научиме и  за што треба да размислуваме е кој пример на големите Европски земји ќе го следиме дали тоа ќе биде  Грција која е пред банкрот и се потпира на земјите кои знаат како да штедат  како Италија и Германија.  Сепак  и Грција е во подобра положба од Република Македонија, во целата криза таа секогаш може да се потпре на земјите од Европска унија кои и помагаат економски. И сега најбитнто прашање  „Дали ова ќе  и се случи на РМ и ако и се случи на чија помош ќе се потпреме?!??“

И бидејќи се запрашавме на што може Македнија да смета во случај да не може да ја преброди кризата, секогаш можеме да сметаме на задолжувања на државата, кои задолжувања ќе треба идните генерации да ги надоместуваат заради неразумното работење во сегашноста.