Белгискиот весник „La Libre“ објави текст на македонската новинарка Тања Милевска за македонските евроинтеграции и погледот на Европската унија кон нив, одговорностите и предизвиците на двете страни. Истиот текст го објави и македонскиот дневен весник „Дневник“.
Самиот текст, како текст на граѓанин на Македонија, кој живее и работи во Европската унија, упатува силна порака кон Европа, за потребата за датум за почеток на преговори за членство во Европската унија на Република Македонија, како причина за зацврстување на демократија и како спротиставување на зголемениот национализам и стравот на граѓаните на Македонија.
„Слободните умови, студентите, граѓаните се задоволуваат со молк и тивко се надеваат на надворешна помош. Тие се умовите кои искрено ги делат вистинските европски вредности, но Европа не ги слуша, презафатена со сопствените проблеми.“ – дел од текстот на новинарката Милевска.