Почитувани колеги, преставници на организации на граѓанското општество и пријатели,

Во пресрет на Европскиот совет кој ке се одржи 16-17 јуни, во Сараево, на 2 јуни, ќе се одржи Министерски состанок на ЕУ и државите од Западен Балкан, плус Европската комисија (Комесарот за проширување Фуле) и Високиот претставник Кетрин Есхтон, плус Турција, Русија и САД. Од овој самит во Сараево се очекува да се донесат заклучоци со кои ќе потврди европската перспектива на државите од Западен Балкан, и би се забрзал процесот на интеграција на регионот во ЕУ.

Ние како претставници на граѓанското општество сметаме дека треба да го изнесеме нашиот став, но и нашите очекувања од самитот. За таа цел, со логистичка поддршка на Институтите отворено општевство низ регионот, подготвивме Декларација за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ. Како што можете да видите, бараме неодложно добивање на датум за почеток на преговори за Македонија најдоцна до крајот на 2010 година.

Сите вие кои се  согласувате со тезите на оваа Декларација, можете да ја дадете вашата поддршка со потпишуванје на истата и со праќанје на ваше писмо за поддршка со генералиите на вашата организација (име и адреса на
организацијата, е-маил адреса и телефон на одговорното лице) во електронска верзија на: mcet [AT] mcet.org.mk.

Ве молиме да ја препратите и до други мрежи и организации со кои соработувате оваа информација, за што однапред Ви благодариме. Бидејќи времето е премногу кратко, ве молиме што е можно побрзо да го сторите
тоа (најдоцна до петок). Планираме да 1 јуни да одржиме прес конференција во Сараево и да ја дистрибуираме нашата Декларација пред почеток на министерскиот состанок и на ова прес конференција би сакале
да ги објавиме сите организации од регионот што ја дале својата поддршка. За ваша информација, собирањето поддршка се случува во сите држави и меѓу нас има голема конкуренција која држава ќе собере најмногу поддржувачи. Не дозволувајте да не победат другите!

За дополнителни информации Ви стоиме на располагање на тел 070/278031 или 02 3217-512.

За настанот во Сараево ќе бидете дополнително информирани по враќањето од Сараево

Македонскиот центар за европско образование – МЦЕО