26 Oct
Оскар Гутиерез Гаридо, Скопје, 22 октомври 2011 -
Статуата на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“ во Скопје. / Огнен Теофиловски (REUTERS)
Обајцата учествуваа во битките. Велат дека додека тој храбро се спротивставуваше на противниците, коњот удираше каде ќе стигне. Јавачот, според легендите, облечен е како за во битка. Слика која прилега на оние од историските читанки и го прикажува кралот на Македонија од антиката, со меч во раката. Но, се што лета не се јаде, барем не во Скопје. Статуата која се извишува над плоштадот „Македонија“ во главниот град, за сите оние зад границата е „воин на коњ“. Ова е официјалното име и верзија која ја користат властите. Внатре во државата, меѓутоа, никој не се сомнева дека тоа е Александар Велики. Прашање на манири, суптилност која не е туѓа во државава која се обидува да се придружи на Европската унија од своето осамостојување во 1991 година. Обидот го спречи ветото на Грција и тоа не во институционалната мрежа на Брисел, туку во една друга организација НАТО. Причината, единствена и со големи букви: името на државата.
„Јас не би го нарекол тоа криза на идентитетот“, објаснува на една група новинари министерот за надворешни работи, Никола Попоски, туку „предизвик за идентитетот“. Ова е, според овој политичар од 34 години образуван во Франција последицата на она што во неговата Македонија го нарекуваат „проблемот со името“. Односно, одбивањето на Атина да прифати нејзиниот северен сосед да се нарекува, како што утврдува Уставот на државата, Република Македонија и, следствено на тоа, блокадата во Атланската алијанса и во ЕУ поради грчките притисоци. Толку ли е важно името за идентитетот на една држава? „Јасно“, одговара Попоски. „Ако не беше така, тогаш зошто Европската комисија во својот последен извештај не ја користи придавката македонски?“, објаснува министерот. Отсуството на придавката за да се означи нацијата и јазикот на државата, што според членовите на Владата е „понижувачки“ ја испровоцира поплаката до Брисел од претседателот Ѓорге Иванов.
Дури 95,8% од граѓаните Македонци не се согласуваат со промената на името поради членството во ЕУ.
Попоски покажува дека нема да има нови отстапки кон Атина за компромис во решавањето на спорот за името и промена на уставно утврденото име на државата. Македонија се оддели од поранешна Југославија пред 20 години. Отворањето на проблемот со името ја принудува меѓународната заедница да ја именува државата како Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), а државата ја примора да пристапи кон промена на државното знаме и промени во Уставот за јасно да потврди дека името, покрај сиот страв на Грција, не претставува никаква територијална претензија кон географскиот регион наречен Македонија кој се наоѓа на грчка територија.
Овој став на Попоски, без сомневање е официјалната позиција на државата. Друго е она што ќе го слушнете од граѓаните на улица. Му го поставив истото прашање на Александар, жител на Скопје: Дали навистина името е толку важно за идентитетот? „Види“ вели овој Македонец, „ако ти сакаш да се придружиш на еден клуб, а тие те принудуваат да направиш некакви отстапки, да се нарекуваш поинаку, што ќе направиш? Александар од татко роден во Грција и мајка во Македонија, признава дека неговите сограѓани ќе мораат да го променат името на државата и со насмевка го предлага името „Македонија-Скопје“. Според, него, името е само почеток на отстапките, ќе следуваат уште многу до конечното пристапување кон 27-те. „Ова со името е само изговор. Луѓето повеќе не се толку про-ЕУ и про-НАТО расположени како некогаш.“
Будење на националистичката реторика
На истиот начин размислуваат и големиот број Македонци. Според едно истражување на независната истражувачка организација Аналитика дури 95,8% од граѓаните кои се етнички Македонци (64% од популацијата, наспроти 25% етнички Албанци) не се согласуваат со промената на името на државата заради влезот во ЕУ (каде е држава кандидат од 2005 година) и НАТО. Вака високиот процент, според Аналитика се должи на разочарувањето од ветото за прием во НАТО на Самитот во април 2008 година во Букурешт. Со разочарувањето Аналитика го охрабрува и оживувањето на „националистичката реторика“ кај политичката елита и вели дека е „далеку поатрактивна за масите“ отколку реформите кои ЕУ ги бара од државата (со приближно 100 милиони евра на СДИ во државата), а воедно ги збунува и дели по етнички линии граѓаните. Особено видлива е поделбата помеѓу Македонци и Албанци.
„Поларизацијата на населението“, подвлекува министерот Попоски, „е многу поедноставна во една мала држава како Македонија (со два милиони жители)“. Министерот потврдува дека националистичките чуства се „последица“ на отворената криза со името на државата. „Пред 20 години“, објаснува, „никој немаше да дебатира за името на автопатот, ако предизвикот не беше толку голем“. Оваа дебата има многу учесници, но нема многу разногласие, дури ни во медиумите. „Сите мораат да бидат патриоти за името“, потврдува Газменд Ајдини од Центарот за развој на медиуми (ЦДМ). Дури и новинарите.
Владата со која претседава, претседателот на централно-десничарската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е вториот најголем огласувач, веднаш зад Т-Мобиле. Ова, според Ајдини, доведува до состојба во која „практично да не постои независно новинарство и уредништво кај медиумите“. Оспоруваниот извештај од Брисел ја критикува Владата за затворањето на приватната телевизија А1, која беше критички расположена за владеењето на Груевски. За илустрација на односот, во својето интервју за државната агенција МИА, премиерот Груевски го наклевети поранешниот новинар на оваа телевизија, Борјан Јовановски, дека работи за ЕУ и ја оцрнува својата држава. Причина за клеветата е прашањето што Јовановски му го постави на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, за иднината на Македонија и нејзиното пристапување во ЕУ (државата е кандидат од 2005 година) ако се задржи состојбата и се повторат критиките за слободата на медиумите.
„И покрај спорот“, вели еден Македонец кој добро ги познава трговските односи со јужниот сосед, “односите со Грција се добри, нормални, а проблемот е повеќе политички“. Повторно прашањето, „Точно колку е важно името? „Прашање на време е“, објаснува, „Македонците мора да се подготват; им треба поинаква клима; но точно е дека ќе треба да се промени за подобра иднина на сите, впрочем зошто да не?“ Можеби ќе се случи тогаш кога, Александар Македонски, кој на коњ го пронел името на Грција до Индија, ќе може да владее со име и презиме од местото наречено Македонија.
Преведено од шпански јазик: Андреја Стојковски
http://internacional.elpais.com/internacional/2011/10/22/actualidad/1319276833_172083.html
25 Oct
Почитувани,
Во наредниот период на овој блог ќе бидат објавувани текстови од странски портали и весници, а кои се однесуваат на РМ и нејзината евроинтеграција.
Adelheid Wölfl, 24. Oktober 2011 18:01
http://derstandard.at/1319181109490/Antikistan-auf-dem-Balkan

Скопје – Некои лавови се свртени кон војниците кои со штитови и копја го чуваат постаментот на којшто Александар Велики во сјајна бронза седејќи на масивен коњ, се бори против непознати непријатели. Другите лавови исплукуваат сина или виолетова вода во скопското ноќно небо. Одекнува музиката од „Лебедово Езеро“. На плоштадот околу Александар се групирале бројни други „македонски херои“: римскиот император Јустинијан е поставен во близина на реката Вардар, но најголемиот дел од мермерните или бронзените споменици не ги знаат дури ни самите Македонци. Проектот „Скопје 2014“ изгледа како некое дете-џин да ги истурило тука своите Playmobil- играчки од планетата Фантазија.
Сепак, се работи за нешто повеќе: Во еден регион во кој идентитетот во голема мера се дефинира со повикување на историјата, една мала несигурна земја се обидува да ја зајакне својата самодоверба со симболи од „славните времиња“. Градот во кој преовладува социјалистичка архитектура сака да се дефинира себеси како национално македонски град и како град продолжувач на континуитетот на империјалното наследство. Притоа несмасниот кич симпатично го потиснува патосот.

Водоскоци во реката
Од Вардар извираат водоскоци, позади нив никнуваат овална зграда со столбови и Пантеон со извитоперена форма, додека на другата страна од плоштадот се подигнува триумфална капија. Духовниот татко на овој Дизниленд на историјата на Балканот е премиерот Никола Груевски. Во Скопје некои велат дека Груевски би сакал да го одвлече вниманието од фактот што државата, којашто туку што ја прослави едвај 20-годишнината од своето постоење, веќе подолго време политички, воопшто не се придвижува. Како кандидат за ЕУ-членство од 2005 година, Македонија можеше да биде предводник на интеграцијата и добар ученик со оглед на реформските напори. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски вели дека да беше Македонија денес во ЕУ, ќе беше нето –плаќач (во буџетот на ЕУ-Н.Ј.). Ќе беше! Чудната кавга со Грција за името на земјата, која се уште мора да се нарекува FYROM (Former Yugoslav Republic of Macedonia) во меѓународната комуникација – Атина ја оспорува употребата на името Македонија и вложи вето за членство во НАТО – ги спречува сите понатамошни чекори кон ЕУ. Решение не е на повидок.
Ако се погледнат хероите на плоштадот Македонија в очи, многумина изгледаат поприлично очајно. Земјата која брои два милиона жители не само што е непризната од надвор, туку под постојан предизвик е и внатрешниот идентитет – една четвртина од населението се Албанци. Владата во Скопје се надева дека ЕУ кога-тогаш ќе се вклучи во спорот за името како посредник. Но, ЕУ е премногу преокупирана со себеси, а проширувањето е непопуларно. Некои меѓутоа не го доживуваат спорот со името толку негативно. Министерката за ЕУ интеграции – Теута Арифи признава дека и во Македонија има економски и политички сили кои воопшто не сакаат членство во ЕУ, бидејќи за тоа би биле потребни повеќе транспарентност и реформи во администрацијата.
Нема промена на името
Министерот за надворешни работи Попоски ја брани позицијата на национално-конзервативната Влада: „Не постои никаква шанса за промена на уставно име на нашата земја.“ Точка. Подготвеноста за компромис би изгледала поинаку. Но, мнозинството од населението го подржува ставот на Владата. Попоски е убеден дека Македонија за разлика од Грција ги застапува европските вредности. А Александар Велики на главниот плоштад во Македонија? „Тоа е последица на тоа што ние се чувствуваме загрозени“- вели тој. Нема разбирање за бесот на Грците.
На симболичен начин Македонија се блокира самата себеси, иако реалните проблеми се исклучително сериозни. Европската комисија и граѓанското општество го критикувааат недостатокот на слобода на медиумите. Најголемата опозициска телевизија А1 мораше да се затвори годинава поради „даночни казни“. Двете најзначајни телевизии се управувани од членови на семејствата на клучни фигури на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Владата е вториот најголем огласувач на реклами во медиумите. Политичките релации лесно се „отчитуваат“ и во весниците. За да може да преживеат, новинарите се принудени на автоцензура. Вториот најголем лост на моќта на партиите е администрацијата. Дарко Алексов од невладината организација Мост на пример, раскажува дека ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди од „вработени“ во администрацијата составени списоци со имиња на членови на нивните семејства, за да ги бара по телефон и да ги „поттикне“ да одат на гласање. Излезноста на парламентарните избори на 5 јуни од 63% беше релативно висока.
Вицепремиерката Арифи признава дека и нејзината партија, албанската фракција ДУИ е дел од клиентелистичкиот систем. „Ќе дојде денот кога ќе мора да се решиме дали ќе ги следиме европските вредности“, вели таа. Инвазијата на херои во Скопје очигледно не и се допаѓа: „Би требало да се ориентираме повеќе кон иднината наместо кон минатото“. Сепак и Албанците си ги побараа своите херои. Копија на скулптурата на Скендербег од Тирана веќе отпоздравува од османлискиот пазар во насока кон Александар Велики.
(DER STANDARD Printausgabe, 25.10.2011)
Превод од германски: Наташа Јованова
5 Oct
Утре (четврток, 06.10.2011) со почеток во 11:30 часот во НВО Инфоцентарот ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат претставени резултатите и заклучоците од извештајот за Мониторинот на медиумите „Медиумско огледало“ за периодот мај-јули 2011 со наслов „Има ли кој да ја турка европската агенда во Македонија?“.

Темите кои се опфаќаат со мониторингот прозлегуваат или се непосредно поврзани со изборниот процес како клучен настан третиран од медиумите во периодот на извештајот. Покрај апелите и очекувањата за фер и демократски избори, како теми кои доминираа во медиумите се спомнуваат и можноста за враќање на визниот режим на државите членки на Шенгенската зона кон граѓаните на Македонија, решавањето на спорот за името како неизбежна предизборна тема, учеството на десноориентираните политичари од ЕУ во предизборната кампања, како и заминувањето на амбасадорот на ЕУ Соренсен од РМ.
Заклучоците од мониторингот укажуваат на сериозна промена во досегашните трендови и квалитетот на интересот на медиумите, но и на политичките фактори за прашањата поврзани со евроинтеграциите на Македонија. На прес конференцијата ќе се дискутираат можните влијанија и идните трендови кои во јавноста ќе бидат предизвикани од констатираната промена. Токму овие елементи го прават ова издание на „Медиумско огледало“ поинакво и привлечно за јавна анализа.
„Медиумското огледало“, од 2008 година, претставува редовна квартална активност на НВО Инфоцентарот и Македонскиот центар за европско образование со која се мониторира квалитетот и квантитетот на информирањето за евроинтеграциските процеси во Македонија
6 Apr
Гротексна е драги мои практицирањето на македонската демократија. Секој ја разбира и работи на нему својствен начин а со методи испрани во партиските пералници. Ако малку ја извртиме дефиницијата на Линколн дека демократијата е власт на народот, од народот и за народот, како и онаа на Аристотел од нашиот омилен антички период дека секој народ си ја заслужува својата власт, несомнено ќе ја препознаеме нашата сурова реалност во која живееме. Прецизна парадигма за власта, актуелна и денес а во форма на прашање поставува Де Сервантес во својот Дон Кихот – „Размислете се Санчо…зошто високите служби ги менуваат луѓето и може да се случи кога ќе станеш губернатор да не си ја познаеш и својата мајка што те родила?“.
Слободата како најзначајна категорија на демократијата е патот до општествената и политичка вистина, бидејќи овозможува да се чуе гласот на индивидуата. Со помош на слободата, најдлабоките промени во демократијата се остваруваат на легален начин, без револуции и насилства. Оттука професорот Божидар Марковиќ демократските слободи ги сместува како неопходен услов за формирање на политичката и општествената вистина. А кои се нашите политички и општествени вистини поврзани во контекст на демократските слободи. Ваму ќе се обидам да проанализирам и веројатно сам со себе да дебатирам токму за нарушувањето на слободата на приватност и тоталитарното влегување на владеачката гарнитура во нашите спални соби. Имено, сам од ним познати причини, упорно се обидуваат да му дадат некој вид на (не)легална форма на прислушкувањето без судски налог а од страна на истражните органи (читај МВР). Мината година преку Законот за електронски комуникации ги протнаа овие против-уставни измени, но тука беа будните и најверојатно единствени чувари на правото на приватност во оваа наша т.н. државичка, претставниците на граѓанскиот сектор предводени од ФИООМ, Метаморфозис и Транспарентност Македонија. Овие организации поднесоа иницијатива до Уставниот суд на РМ за поведување постапка за оценување на уставноста на член 4 точка 47 и 48, член 112 ставови 7 и 8, член 138 став 1 точки 28 и 29 од Законот за електронски комуникации („Службен весник на РМ“ број 13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008 и 83/2010). Уставниот суд на РМ на седница одржана на 15 декември 2010 година донесе одлука со која ги поништи оспорените законски одредби и застана во одбрана на правото на приватност на граѓаните на РМ. А што сакаше да постигне владеачката гарнитура доколку оспорените одредби останеа во сила:
Сите овие одредби беа поништени од Уставниот суд на РМ затоа што се во дирекна спортивност со Амандманот XIX од Уставот на РМ:
„Се гарантира слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација.
Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и другите облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката. Законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.“.
Во горенаведените одредби е изоставена одлуката на судот која облигаторно ја утврдува Уставот на РМ, а истите се во спротивност и со членот 25 од уставот кој ја гарантира заштитата на приватноста на личниот и семејниот живот на секој граѓанин, на неговото достоинство и углед, како и членот 26 кој се однесува на неповредливоста на домот.
http://www.cellphonereviews.com/is-my-cell-phone-tapped/
И во нормални држави и демократии ваквите приказни овде завршуваат со својот хепи енд, додека кај нас во Квазиленд прикаската оди понатаму. Па така, во саботата на 31 март 2011 година без присуство на опозицијата владеачкото мнозинство во прво читање го усвои Предлог-Законот за изменување на Законот за кривична постапка. Со овој Закон се менуваат „цели“ 4 члена од ЗКП. Она што најмногу боде во очи и што повторно е во спротивност со Уставот на РМ е следната одредба:
„ Заради обезбедување податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка, кои на друг начин не можат да се обезбедат или нивното обезбедување би било сврзано со поголеми тешкотии, судот може да нареди преземање на посебни истражни мерки и за кривичните дела од Кривичниот законик“. На предлог на Владата на РМ и Министерството за правда, со овие измени токму зборот „судот“ се брише и се остава отворена врата повторно истражните органи предводени од МВР да преземаат посебни истражни мерки без судски налог. И што да коментираме понатаму – дали да очекуваме дека владеачкото мнозинство во меѓувреме ќе прогледа па на второ читање амандмански ќе интервенира за да се врати оваа одредба во нејзината правилна положба како што впрочем и беше, или пак повторно да се крстиме во Уставниот суд и да спремаме нови иницијативи за оценување на неговата уставност???
Или можеби овој текст најдобро е да заврши со прашањата на Гогољ во својата поема Мртви души, каде оди Русија, споредувајќи ја оваа голема и таинствена земја со коњска тројка која бесно и виорно лета напред, без позната цел: „Да не е тоа молскавица зафучена од небо? Какво е тоа движење што доведува до ужас? И каква ли непозната сила има во тие коњи незнајни за светот? Русијо, каде леташ ти! Дај одвет? Не дава одвет!“. Дали обраќањето до Русија соодвестува на обраќање и до Македонија???
П.С. Да не ја заборавам европската димензија, ама нејзе ќе ја прочитаме во октомвриската верзија на Извештајот на (не)напредокот на РМ во процесот на евроинтеграции.
Кире Миловски
10 Mar
I have been thinking as a student myself that the basic idea of being a student is to upgrade your knowledge and to develop your thinking as a young individual. But also to share thoughts with other students, to explore, to see, to listen and to be the witness of the cultural diversity in the world .This is exactly what the ERASMUS program, launched by the European Union in 1987, offers to young people. . It is truly important that Macedonian students are motivated to take part in this experience and see the bigger picture, like 2.2 million of young people have done in the 24 years of existence of the ERASMUS Program.
Below is an interview with my friend Arttu Tuomiranta from Finland. We had a chance to meet on a summer language course in Aachen, Germany in 2010. Arttu is studying Strategy and International Business/Advanced Energy Systems and his dream is to work as a renewable energy consultant one day.
Q: Well first things first, where and when did you go on Erasmus Exchange?
A: I spent my Erasmus semester at the University of Stuttgart in Germany. I moved to Stuttgart in early April and came back to Finland in August.
Q: Why did you decide to apply and how did you choose the host University of the ERASMUS exchange?
A: In my Master’s programme, it is strongly recommended to spend a semester or two at a foreign university. It was clear to me from my very first semester that I would spend part of my studies abroad. I think the most important benefits of exchange programmes are the opportunities to develop one’s language skills and to deeply familiarize oneself with new cultures.
I selected the University of Stuttgart solely on grounds of my academic goals. Firstly, I wanted to improve my knowledge of German and secondly, I wanted to study at a university offering a wide range of advanced courses related to renewable energy. In my future profession, I would like to focus on the business related to renewable energy technologies. In Finland, the research of these technologies is not on such a high level as in Germany.
Q: Do you see the Erasmus Exchange Program me as a learning or fun experience?
A: I think my Erasmus exchange semester was one of the most educational periods in my student days so far. Before and in the beginning of the semester, I expected the summer to be an amazing learning experience – mainly from the viewpoint of my language skills. Towards the end however, I realized that besides the language, the most important learning outcome of the semester was a better understanding of people coming from so many different corners of the world. This understanding was not gained by attending lectures but by having fun, during trips and attending social events . Of course, the interesting courses strongly contributed to my contentment with the semester but I’m sure that without the active student life, the experience would not have made this kind of impression on me. I see my Erasmus program as a great learning experience with lots of fun.
Q: What influence do you think that this exchange period will have on your future professional life?
A: I hope that one day, I will work in Germany. My exchange period in Stuttgart will certainly make it easier for me to accomplish my goal. Additionally, I firmly believe that it will be a great benefit also on my career that my Erasmus friends comprise such a culturally diverse bunch of future engineers and business administrators.
Q: We met on a summer language course in Germany in 2010. Since you are active and regular on those kind of events tell me what is your perception of Macedonia and Macedonian students from what you have seen so far?
A: As far as I know, there were no Macedonian students in my Erasmus programme in Stuttgart in summer 2010. On grounds of my previous experiences however, I can claim that it’s hard to find as happy and optimistic people as the Macedonians. They have an ability to also make the people around them happy. Maybe that’s the reason why there is a big yellow sun on the flag of Macedonia.
Q: Do you think that the mobility of students has an influence in creating a better Europe?
A: That’s for sure. Today’s students are tomorrow’s decision-makers. Through programs such as Erasmus, students are able to familiarize themselves with new cultures and to learn to understand values and ways of thinking of other nationalities. In that way, today’s students become tolerant decision-makers with a sense of international solidarity.
Q: What are your future plans for studying and did your Erasmus experience have an effect on your decision about where you will go next?
A: At the moment, I am studying at a new Abu Dhabi-based university focusing on renewable energies. After finishing my Master’s degree here, I’ll go back to Finland to finish my Master’s degree there.
My Erasmus semester in Germany didn’t influence my decision to come to Abu Dhabi. However, I believe that due to my great time in Stuttgart it was easier for me to adjust in the new study abroad environment. You see I will go back one way or another.
Q: Ljupka Noveska
A: Arttu Tuomiranta
25 Oct
Навистина изненади фактот дека држава како Франција која важи за високо развиена демократија, генератор на човековите права и слободи, извор на мултикултурниот дијалог и мултиконфесионалните односи, направи престап и си дозволи со протерувањето и депортирањето на Ромите и номадите од сопствената териоторија да го наруши веќе стекнатиот имиџ. Оваа политика на француските власти е насочена кон 15 000 ромските мигранти од Бугарија и Романија кои со идеја за подобар живот го искоритиле своето право како граѓани на ЕУ да мигрираат и да најдат работа во друга држава членка на ЕУ, исто како и останатите граѓани на посиромашните држави членки на ЕУ. Истата таква политика е насочена и кон 350 000 Роми и номади кои подолго време престојуваат во Франција и имаат регулиран статус. За доброволно напуштање им се нудат по 100 ЕУР за дете и 300 ЕУР за возрасен. Но проблемот не застанува тука. Истата таква политика верижно ја прифатија и други држави членки на ЕУ како Чешка и Словачка и тоа можеби и со погруби мерки. Според француските власти постојат 539 „диви населби“ и во наредните три месеци планира да уништи 300 кампови.
Оттука, се поставува прашањето дали принципите врз кои почива ЕУ и Советот на Европа во кои е членка и
Франција, важат подеднакво за сите или пак кога станува збор за Ромите може се да се заборави. Со депортирањето се прекршува правото на слободно движење, забраната на колективно протерување на странци грубо се крши, со уривањето на камповите се прекршува правото на домување и социјална заштита, еднаквост пред законот, правото да не се биде дискриминиран како и други меѓународно признати права. Со ова се создава и промовира една расистичка политика која ако не се прекине и остро осуди како неправилна од ЕУ, Советот на Европа и ООН како гаранција за демократичноста и човековите права и слободи може да ги поттикне и другите држави да го сменат третманот кон Ромите и она што важи за сите да не важи и за Ромите. Па тогаш не само Србија што нема да ги пушта да поминат граница, туку ќе се генерираат такви проблеми кои можат да не потсетат на моменти кои мислиме дека се надминати уште од 40-тите години на минатиот век.

Аргументот во изјавата на Саркози за ваквите мерки е дека со тоа би се намалил криминалитетот, проституцијата и девијантните појави. Со овие мерки нема да се постигнат никакви резултати и ќе се зголемат проблемите, а со вакви непромислени изјави уште повеќе се влошува ситуацијата бидејќи со генерализирање се стигматизира целата заедница. Да не заборавиме дека многу одамна голем дел од Ромите се адекватно инволвирани во општествата во кои живеат и подееднакво допринесуваат за своевиден развој на своите држави. Тие од секогаш живееле во земјите на ЕУ, но можностите за интегрирање биле многу поголеми и тие Роми не се разликуваат од Ромите во балканските земји од кои доаѓа мнозинското маргинализирано ромско населиние, каде живеат во субстандардни услови, неможат да се изборат за своите права, не се вклучени во образовниот систем, институционално се заборавени и со тоа претставуваат проблем и за самите држави. Затоа треба да се користат позитивните примери и да се создадат позитивни мерки за инволвирање на ромската зедница во општествата каде живеат. Проблемите со кои се соочуваат Ромите не се само нивни проблеми, туку и на општеството во кое живеат. Решавањето на истите е добра инвестиција за самото општество и тоа ќе се врати повеќекратно на долг рок. Наместо да се одбегнуваат проблемите или пак да се создаваат уште повеќе со сегрегација и стигматизицаја на ромската заедница, би било многу подобро да се истапи со силна политичка волја и реализирање на позитивни мерки насочени кон ромската заедница.
Уште повеќе фрустрира загриженоста на ЕУ за неостварувњето на правата на LGBT популацијата и нивните проблеми, а проблемите со кршења на основните човекови права и слободи на цела заедница се ставаат на втор план, како на регионално, така и на национално ниво во самите држави членки. Па имаме ситуација кога повеќе се дебатира за слободата на сексуална ориентација, а не за правото на образование, социална заштита или недискриминација врз национална основа. Проблемите на LGBT популацијата станаа приоритет, а она за кое треба да претставува минимум стандард за секое нормално општество се остава за некои идни времиња.

Можеби државите во кои живеат Ромите ќе сфатат дека мораат да се соочат и да работат на решавање на нивните проблеми и остварување на нивните потреби, а ромската популација ќе почне да размислува за единство и заеднички ставови и барања за реалзирање на активни политики насочени кон ромската заедница.
Автор на текстот: Аднан Демировски
18 Oct
Иако Европа не може да се пофали со најсјаен успех кога станува збор за промоција на правата на LGBT популацијата, со оглед на големите разлики кои постојат помеѓу државите членки во однос на ова прашање, придонесот кој ЕУ го има за промоција на еднаквост и недискриминација врз основа на сексуална ориентација во државите кои чекаат на прагот за членство е огромен. Јавната дебата за ова прашање во Србија, Македонија, Хрватска ќе се отвореше многу подоцна да не беше ЕУ перспективата. Оваа дебата не затекна неподготвени, на секое општествено ниво, а најмногу на нивото на највисокиот политички врв.
Има една поговорка која вели “Што се мора, не е тешко“. Но, дали е тоа применливо и кога станува збор за ова прашање на бурниот Балкан? Не би рекла дека им беше лесно на српските власти јавно да ги заштитат активистите кои маршираа на Белградската парада на геј гордоста предминатиот викенд. Ниту им беше лесно на српските полицајци да ги застанат помеѓу активистите на парадата и хулиганите кои дивееа по улиците. Ниту пак лесно им беше на оние кои маршираа од паркот Мањеж по белградските улици. Но, што се мора не е тешко… Не знаеме колкава кнедла голтнале српските политичари, но фактот што оваа иницијатива наиде на широка поддршка од политичарите, почнувајќи од претседателот Тадиќ, кој изјави:
“Државата е целосно подготвена да се справи со хулиганите што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните на Србија. Ќе обезбедиме остварување на човековите права за сите граѓани без оглед на нивната определба и никому нема да му дозволиме со насилство да им го одземе тоа“,
па се до министерот за човекови права и права на малцинствата Светозар Чиплиќ, кој маршираше рамо до рамо со активистите.
По завршувањето на дивеењето по улиците на Белград останува впечатокот на меѓународно ниво дека Република Србија е сериозна држава во која политичкиот врв нема да дозволи да биде заложник на општествениот конзервативизам на широките народни маси. Во случајот на Србија државата застана против Црквата и го превзема ставот кој и државата треба да го застапува- сервис на граѓаните. А хомосексуалците се граѓани, еднакви со сите нас. И тие плаќаат даноци, гласаат на избори, уживаат слобода на изразување, слобода на јавно собирање и право на мирен протест. Државата е должна сите тие права да им ги обезбеди и при тоа да не ја интересира дали тоа му смета на некој Митрополит од Врање или некој фудбалски хулиган. Државата им припаѓа подеднакво на сите. Токму српскиот политички врв восхитува со зрелоста и со овозможувањето на услови за оддржување на Парадата на гордоста на 10 октомври 2010 година покажа дека Србија е сериозна држава која има капацитет да биде членка на ЕУ. Ако минатата година парадата беше откажана во последен момент, бидејќи државата не беше подготвена да ја гарантира безбедноста на учесниците, а во 2001 година го паднаа испитот поради што насилници ја прекинаа парадата, оваа есен Србија покажа сериозен напредок како држава.
Во меѓувреме, во Хрватска вакви паради се оддржуваат од 2002 година, мирно и без премногу возбудување. Во Македонија ова прашање се појави во јавната дебата по донесувањето на Законот за антидискриминација за кој Македонија доби критики и во минатогодишниот извештај на Европската Комисија. Michael Cashman, Европарламентарец, претседавач со групата во Европскиот парламент за правата на LGBT популацијата изјави:
“Критериумите за прием на нови членки се кристално јасни: малцинствата мораат да бидат заштитени од дискриминација, како што предвидува чл.19 од Договорот, а тоа ја вклучува и сексуалната ориентација како основа за дискриминација. Кога сакате да се станете дел од ЕУ не добивате мени за да порачате што вие ќе посакате, ова се вредности кои се во основата на Европската Унија и мора да бидеме ригорозни во нивното почитување.“
Колку всушност е ЕУ ригорозна во почитувањето на овие стандарди?
Кога станува збор за заштита на правата на LGBT популацијата постојат драстични разлики меѓу државите членки. Дури со Договорот од Амстердам и се дава моќ на Европската Унија да се бори против дискриминацијата по основ на сексуална ориентација. Усвојувањето на Директивата 2000/78/EC, беше клучниот момент. Оваа директива е основата за забрана на дискриминацијата на хомосексуалци, лезбејки и бисексуалци на полето на вработувањето. Веќе во 2003 година во ЕУ отказот од работно место врз основа на сексуална ориентација стана нелегален. Повелбата за фундаментални права забранува дискриминација по било кој основ (вклучително и сексуална ориентација), а по усвојувањето на Лисабонскиот договор, за прашања од полето на антидискриминација заеднички ќе решаваат Европскиот парламент и Совет.
Во однос на прашањето за легализација на хомосексуални бракови (кое е различно и издвоено од прашањето за дискриминација по основа на сексуална ориентација) во Европа постои диверзитет на решенија. Шпанија ги има легализирано уште од 2005 година, додека пак со уставот на Латвија овие бракови се забранети. Грчката армија ги смета хомосексуалците за болни, додека пак Шведските војници имаат свој советник за правата на хомосексуалците.
Според анкетите на International Lesbian and Gay Association најлоши резултати од ЕУ државите, во однос на почитување на правата на LGBT популацијата покажуваат Кипар (турскиот дел на Кипар останува единственото место во ЕУ каде хомосексуалноста е забранета со закон, иако овој закон не се спроведува), Латвија и Полска. Дури и Jerzy Buzek, претседателот на Европскиот парламент, и самиот традиционално воспитан под влијание на римо-католичките вредности, отпрвин не сакаше да учествува со настапи во јавност по повод меѓународниот ден за борба против хомофобијата, од страв да не загуби политички поени на домашната сцена. Но, и тој ја голтна таа незгодна кнедла и ги повика Европејците да изградат свет во кој идните генерации ќе живеат во култура на отвореност, недискриминација и толеранција.
Во Македонија останува да се бијат копјата околу Законот за недискриминација и критиките од странство за лошо сработената задача. Битките за виножитото нема да се бијат на улица уште долго, со оглед на тоа дека државата не успеа ниту да ги заштити оние кои протестираа против црквата на плоштад, а камоли оние кои ќе бараат право на слободно изразување на љубовта. Особено фрустрира што во лепезата на наводно различни идеологии и вредности нема политичка партија која храбро ќе застане зад платформата на заштита и промоција на LGBT правата, макар и тоа да значи дека ќе изгуби одредени политички поени кај широките народни маси. Каде се вистинските либерални вредности во нашето општество? Фрустрира и фактот што Србија ни го превзема приматот на најдобар ученик во класот и ги собра симпатиите на Брисел со зрелоста која ја покажа викендов.
Единствено што ни останува е да ја чекаме или пак да ја создаваме сексуалната револуција за да може нашите деца да живеат во општество кое е отворено и толерантно.
Катерина Тодоровска
12 Oct
“Не ми е дозволено да ти кажувам што да правиш, и тебе не ти е дозволено да ми кажуваш што да правам”.
Независност, слобода, сувереност-пакет аранжман за секоја држава -“сам свој газда со своја политика”. Истото преведено на академски јазик: “Kонцепт на рамнотежа на силите” односно светски децентрализиран поредок на суверени и рамноправни држави. Историски лоциран почеток на овој концепт – по склучувањето на мирот во Вестфалија, 1648. Радикален потег, би рекле историчарите, но само прв чекор за напуштање на стариот концепт, омилен на оние помоќните, покреативните, поимагинативните – оние со една “футуристичка” визија за универзална монархија…. Звучи познато? Или како што би рекол Денис Мекшејн, британскиот министер за ЕУ – “Стари идеи од стар човек за стара визија на Европа”.
Интересно е да се споредуваат и изедначуваат старите визии со ново-остварените модели на денешницата но пред да се донесат погрешни заклучоци потребно е добро да се разгледаат некои дефиниции. Да почнеме со “Супрaнационална Унија”: наднационална политика, “средишна точка” помеѓу конфедерација и федерација, помеѓу асоцијација на држави и држава. Унија суи генерис, Аристотелова “златна средина” која ги отелотворува како наднационалните така и меѓувладините карактеристики во нејзиниот систем на управување: Комисијата, Парламентот и Судот на правдата – носители на супранационалниот белег и нивните “интер-гавернменталистички колеги”- Европскиот Совет и Советот на министри. Мора да се признае – тоа е интересно решение како да се оддржи балансот.
Тоа е еден уникатен политички идентитет, но, како што на нам Македонците ни е особено познато, идентитетот не е статична категорија туку претстаува динамичен процес на себеспознавање, диференцирање и конституирање. Па затоа разгледувајќи го историскиот развој на ЕУ ќе ги сретнете: “Договорот од Мастрихт”, “Договорот од Амстердам”, “Договорот од Ница”, “Договор за Нацрт-Устав”……., не, не звучи добро последново, хмммм……”Лисабонски договор”……да, да, тоа може. И секој договор е всушност чекор кон редефинирањето и концептуализирањето како на нејзината надворешна, така и на нејзината внатрешна слика.
Четирите слободи, Шенгенските спогодби, визните либерализации – како на друг начин да ги категоризираме освен како придобивките од ЕУ. Не знам дали Марфи го кажал, но дефинитивно во негов стил е правилото дека “ Не постои нешто како бесплатен ручек”. За жал, обединувањето и отварањето на границите на културните и општествени разноликости, истовремено ги отвори и границите на глобалниот и организиран криминал – т.н. општествено зло. Со цел да спречи таа цена да нарасне со хипергалопирачка инфлација, ЕУ ја увиде потребата од механизам кој ќе ги “принуди” државите да дејствуваат синхронизирано и хармонично, механизам кој неконфликтно и конструктивно ќе го втемели и засили нејзиниот надворешно -политички идентитет.
Тој последен чекор, превземен на 13 декември 2007, некои го нарекуваат “латентен конституционализам”, “ eвропски федерализам”, “ Соединети Европски Држави” и сл. Причина за тоа делумно е номиналното манипулирање со поимите од претходниот “Договор за Устав” односно планираните функции “ Претседател на ЕУ” и “Министерот за надворешни работи на ЕУ” се модификувани во “Претседател на Европскиот Совет” и “Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика”. Во секој случај, новите глобални предизвици, стратешки цели и околности ја наведоа ЕУ се повеќе да се себеистражува и да го оформува својот надворешно-политички идентитет за да на крај може “да говори со еден глас и една уста во меѓународните односи”.
Легендарното “Ирско НЕ” и скептицизмот кон модифицираното лице на ЕУ сеуште тлее кај дел од стручната популација. Преокупираноста со стравот од екстремен супранационализам ги спречува да се потсетат на древното “Panta Rei” односно дека нови права и нови слободи влечат со себе и нови обврски. Не може ни комплетно да се негираат фаталистичките предвидувања, но, се додека адаптирањето на ЕУ кон новите околности и предизвици не го пореметува еквилибриумот на “супра-интер силите” и коегзистенцијата на разликите, тие ставови ќе бидат само контратежа на про-аргументите.
Анастазија Младеновска
27 Sep
Се започна со посетата на чешката студентка по право Barbora Nečasová на Македонија поради двомесечна пракса во Секторот за Европски прашања во рамките на Владата на РМ. Како извидник во слободно време, природните убавини на Македонија претставуваа дополнителен мотив за нејзиното доаѓање во Македонија. Преку дружењето со тимот oд млади луѓе од организацијата домаќин ЕЛСА (Европско здружение на студенти по право во РМ- ЕЛСА) задолжен за нејзината социјална програма, Барбора го донесе истиот заклучок како и многу други странски посетители пред неа: “ I ♥ Macedonia & Macedonian people… I have to come back again“. Можноста за тоа се јави побрзо отколку што очекуваше. Дознавајќи за конкурсот од програмата “Youth in action”, желбата се трансформира во идеја за проект со име “True Story” кој воедно претставуваше и најдобар начин да се вклучат доволен број чешки и македонски коавтори кои заедно и веродостојно ќе напишат една приказна – приказна за соочувањето со културните разноликости, за јакнењето на отвореноста кон нови познанства и за градењето на толерантен пристап во прифаќањето на сите ново-откриени разлики.
Во оваа приказна сите 30 учесници се главни јунаци, млади луѓе, со чешко и македонско државјанство на возраст помеѓу 14 и 25 години-прекрасна целна група со голем потенцијал и волја за воспоставување на македонско-чешко партнерство и засилување на сите елементи кои тоа ги опфаќа. Покрај “Јунак Извидничкиот одред од Босковице” , Чешка (предводен од Barbora Nečasová), како организации-коорганизатори се вклучија организациите “Младински образовен форум”( МОФ), “АЕГЕЕ Скопје” и “Младите можат” , односно луѓе со претходно искуство во невладиниот сектор, со голема креативност и ентузијазам за учество во пишувањето на приказната. Групата учесници од МОФ ја сочнинуваа победничкиот тим на Средношколскиот квиз за ЕУ кој се оддржа во мај во ЕУ инфоцентарот, тимот од гимназијата “Раде Јовчевски Корчагин“: Мила Голчева, Немања Павловиќ и Симона Ристеска, како и лидерите на групата Катерина Тодоровска, Анастазија Младеновска и Маја Димчева. Струга, на брегот на Охридското езеро, беше избраната локација за оддржување на овој летен камп во периодот 22 до 30 август 2010 година. Неделната агенда беше исполнета со интересни активности од најразличен карактер, едукативни, рекреативни и креативни. Со цел да се намали културната и јазична разлика и да се охрабри дискусијата за важни општествени прашања, организаторите водеа интерактивни работилници вклучувајќи во нив игри со општествен контекст како: “Labyrinth of the world and paradise of the heart”, насловена според делото на Јан Амос Коменски; “Моја држава“, каде учесниците се обидоа да го создадат својот идеален модел на здружување; “Лимонијада” (работилница за социјална инклузија и дискусија за прифаќањето на различните култури и отвореноста за нови пријателства); работилници за театарска импровизација; работилници за комуникациски вештини и решавање на конфликти. Воодушевеноста на Чесите од околните природни убавини и близината на планините доведе до реализација на храбар потфат- освојување на Галичица за време на најтоплите денови на летото. Чесите имаа можност да уживаат во убавините на Охридската чаршија, како и во традицијата зачувана во Вевчани и прекрасните водопади. Културната размена се одвиваше и преку традиционалната храна, пијалок, музика и танци.
True Story е приказна за искрено пријателство помеѓу студенти од Чеси и Македонија, чиј ентузијазам доведе до градење на можности за ширење на кругот на пријателството и меѓусебната почит за различната култура и откривање на истите на нивните врсници. Ова е приказна за еден скромен настан кој ги промени животите на триесетина млади луѓе- им отвори нови хоризонти на меѓународни пријателства и поставувајќи ги пред предизвици и дилеми од глобално значење ги инспирираше да размислуваат глобално, а дејствуваат локално.
На крајот на настанот учесниците сфатија дека приказната не заврши,туку напротив, тоа беше само еден вовед, едно поглавје, експозиција на едно долгорочно пријателство. Уште еднаш младите покажаа дека со нивната искреност, волја за дружење и желба за запознавање на културните разлики се далеку поспособни да помогнат во вклучување на нашата земја во “глобалното село” отколку секој вид на дипломатски средби на политичките гарнитури.
20 Sep
Каква храна конзумираме, дали истата била чувана во соодветни услови, дали е направена од свежи состојки итн.?
Ова се само дел од прашањата кои едно македонско семејство треба да си ги постави пред да ја постави порцијата храна на масата. И додека Eвропјаните веќе со децении уживаат во благодетите на т.н. проверена храна, ние сеуште со доза на скептицизам го конзумираме и денешниот оброк ослонувајќи се на ветувањето на тетката од пазарче која најмалку пет минути ве уверува дека доматите кои ги купивте се без пестициди.
Па наместо да го имплементираме новиот единствен Закон за безбедност на храната до 2010 година, ние дозволивме извештајот за напредокот на Македонија во 2009 година да стигне со забелешка во однос на поклопувањето на двата закони во секторот. Ни забележаа и дека немаме потребни процедури за ефективна соработка меѓу различните институции задолжени за безбедност на храната.Чиста среќа што англискиот превод на содржините на сајтот на Министерството за здравство функционира само во парни денови па оние од Брисел неможат да прочитаат колку Дирекцијата за храна на РМ редовно го апдејтува сајтот и ги информира граѓаните за правилниот начин на исхрана. Дека нели само уште таа обврска им преостана откако успешно го спроведоа НАССР системот.
Во националната програма стои дека треба да се спроведе кампања за подигнување на свеста за обврските кон ЕУ-барањето за имплементирање т.н. ‘‘хигиенски пакет‘‘ со посебен акцент на НАССР процедурите. Од друга страна пак, нашето законодавство за правила на хигиена, животински производи и контрола сеуште се само делумно во согласност со ЕУ законодавството.
Па така неопходните системи за собирање и третман сеуште не се воспоставени, нема стратегија за подобрено спроведување НАССР а производителите и увозниците сеуште ги плаќаат контролите бидејќи новиот систем за финансирање на службени контроли кој требаше да профункционира на почетокот од оваа година функционира само на хартија.
Што е тоа НАССР и зошто ни е потребен ?
НАССР е систем на работа (самоконтрола) кој е превентивен и кој служи сите опасни ситуации по здравјето на консументот да се отстранат или да се сведат на прифатливо ниво за време на производството, преработката и складирањето на прехрамбените производи. Со неговото воведување се намалуваат финалните трошоци за производство, се зголемува безбедноста на вработените и на потрошувачите, го зголемува квалитетот и продуктивноста, неопходен е за пласман на меѓународниот пазар.
НАССР е законска обврска како во ЕУ така и во Македонија. НАССР им е потребен на сите кои работат со храна без разлика дали е во прашање производство, увоз, извоз, складирање или директно служење на прехрамбените производи.
Кај нас одговорен орган за спроведување на НАССР системот е Дирекцијата за храна при Министерството за здравство. Па доколку го отворите нивниот веб сајт http://moh.gov.mk/index.php?category=52 , односно делот во кој се говори за крајниот рок на имплементација на НАССР систем (прво беше до 2008 година, па потоа се даде нов рок до 01.01.2009 година) ќе забележите дека освен пролонгирање на рокот нема податоци за зголемен број на угостителски субјекти кои го вовеле истиот.
Но, колку се спремни малите бизниси и угостителски објекти да го воведат НАССР со оглед на фактот дека за да се опреми една кафеана или продавница ви се потребни отприлика 15.000 евра. Казните за неспроведување на истиот се движат од максимални 5.000 евра за правни субјекти, за одговорните лица 3.000 евра, затворање на објектите од две години до шест месеци , како и забрана за вршење на дејност.
Дали државата треба да ги казнува или пак треба да ги кредитира и субвенционира малите бизниси за да истите можат да го имплементираат НАССР системот во својот бизнис и за да можат да го промовираат својот производ надвор од границите на својата држава? Или пак истата треба да одбере помеѓу квалитет и квантитет!